„Динарот што ќе го потрошиш на Аллаховиот пат, динарот што ќе го дадеш за ослободување роб, динарот што ќе го дадеш како садака на сиромав, и динарот што ќе го потрошиш за своето семејство – најголема награда има од оној што ќе го потрошиш за своето семејство.“
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Динарот што ќе го потрошиш на Аллаховиот пат, динарот што ќе го дадеш за ослободување роб, динарот што ќе го дадеш како садака на сиромав, и динарот што ќе го потрошиш за своето семејство – најголема награда има од оној што ќе го потрошиш за своето семејство.“
«دِينَارٌ أَنْفَقْتَهُ فِي سَبِيلِ اللهِ، وَدِينَارٌ أَنْفَقْتَهُ فِي رَقَبَةٍ، وَدِينَارٌ تَصَدَّقْتَ بِهِ عَلَى مِسْكِينٍ، وَدِينَارٌ أَنْفَقْتَهُ عَلَى أَهْلِكَ أَعْظَمُهَا أَجْرًا الَّذِي أَنْفَقْتَهُ عَلَى أَهْلِكَ».
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, спомнал неколку видови на трошење на имотот: – динарот што ќе го потрошиш на Аллаховиот пат, – динарот што ќе го дадеш за ослободување роб, – динарот што ќе го поделиш како милосрдие на сиромав, – и динарот што ќе го потрошиш за своето семејство и децата. Потоа појаснил дека најголема награда кај Аллах има динарот што ќе го потрошиш за своето семејство и за оние за кои си должен да се грижиш.
Хадисот укажува на многубројноста на начините на трошење на Аллаховиот пат.
Кога има поклопување помеѓу повеќе видови трошоци, предност му се дава на оној што е поважен – како на пример, трошењето за семејството, кога човекот не е во можност да ги покрие сите форми на трошење на Аллаховиот пат.
Ен-Невеви, во неговиот коментар на Сахих Муслим, вели: „Овој хадис поттикнува на трошење за издржување на семејството и појаснува колкава е наградата за тоа. Некои членови на семејството се обврзани за издржување поради крвна врска, некои – иако не е задолжително – се вбројуваат во доброволна садака и чување на роднинските врски, а трети се должни да се грижат за други поради брачна врска или сопствеништво (робови). Сето ова се дела кои се препорачани, и се повредни од доброволната садака.“
Ес-Синди рекол: „Изразот ,динарот што ќе го потроши за своето семејство‘ се однесува на тоа кога човекот има искрена намера – да го стори тоа во името на Аллах и со цел да ги исполни нивните права.“
Ебу Килаба рекол: „Кој може да има поголема награда од оној кој се грижи за своите мали деца, ги прави чесни, им користи или ги прави независни преку својата грижа?“
Сахих Муслим (2/ 692) (995).
Повеќе... (8)
شرح رياض الصالحين.
لابن عثيمين (3/ 156).
نزهة المتقين بشرح رياض الصالحين.
لمجموعة من الباحثين (1/ 291).
بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.
لسليم الهلالي (1/ 374).
تطريز رياض الصالحين.
لفيصل آل مبارك (ص209).
Цитирано во книги
3 КнигиПовеќе... (3)
- المنتقى من المتجر الرابح في ثواب العمل الصالح - المعتمدالمنتقى من المتجر الرابح في ثواب العمل الصالح“دينار أنفقته في سبيل الله، ودينار أنفقته في رقبة، ودينار تصدقت به على مسكين، ودينار أنفقته على أهلك، أعظمها أجرا الذي أنفقته على أهلك”.
- مجموعة زاد التربية الإسلامية (1)، والسيرة النبوبة (1)، والعقيدة (1)، والفقه (1)التربية الأسلامية 1«دينارٌ أنفقته في سبيل الله، ودينارٌ أنفقته في رقبة، ودينار تصدقت به على مسكين، ودينار أنفقته على أهلك، أعظمها أجرا الذي أنفقته على أهلك».
- نبراس طالب (1)1«دِينَارٌ أَنْفَقْتَهُ فِي سَبِيلِ اللهِ، وَدِينَارٌ أَنْفَقْتَهُ فِي رَقَبَةٍ([5]) ، وَدِينَارٌ تَصَدَّقْتَ بِهِ عَلَى مِسْكِينٍ، وَدِينَارٌ أَنْفَقْتَهُ عَلَى أَهْلِكَ، أَعْظَمُهَا أَجْرًا الَّذِي أَنْفَقْتَهُ عَلَى أَهْلِكَ»