Skip to content

„На милостивите ќе им се смилува Милостивиот, бидете милостиви кон оние што се на Земјата, ќе ви се смилува Оној Кој е на небесата.“

Абдулах бин Амр, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„На милостивите ќе им се смилува Милостивиот, бидете милостиви кон оние што се на Земјата, ќе ви се смилува Оној Кој е на небесата.“

«الرَّاحِمُونَ يَرْحَمُهمُ الرَّحمنُ، ارحَمُوا أهلَ الأرضِ يَرْحْمْكُم مَن في السّماء».

Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ахмед
Автентичен
Објаснување

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснува дека оние кои се милостиви кон другите, им се смилува Милостивиот со Неговата милост која опфаќа сè, како прикладна награда. Потоа, Пратеникот, алејхис-селам, наредил да се покажува милост кон сите на Земјата – било да е човек, животно, птица или некој друг вид од суштествата. Наградата за тоа е Возвишениот Аллах да ви се смилува од над Неговите небеса.

Значење на зборовите

...:

Од придобивките на хадисот

Исламската вера е вера на милоста, која целосно се темели на покорност кон Возвишениот Аллах и доброчинство кон созданијата.

Аллах, Возвишениот, е опишан со милост. Тој е Семилостив, Милостивиот, кој ја пренесува Својата милост до Своите робови.

Наградата е според видот на делото; па на милостивите ќе им се смилува Милостивиот.

Референци

Сунен Ебу Давуд (7/ 297) (4941).

Сунен Тирмизи (3/ 483) (1924).

Повеќе... (7)

مسند أحمد ط الرسالة (11/ 33) (6494).

تحفة الأحوذي بشرح جامع الترمذي.

لمحمد المباركفورى (6/ 43).

سلسلة الأحاديث الصحيحة وشيء من فقهها وفوائدها.

للألباني (2/ 594).

معارج القبول بشرح سلم الوصول إلى علم الأصول.

حافظ الحكمي (1/ 156).