„Хасан и Хусеин се првенци меѓу младите жители на Џенетот.“
Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Хасан и Хусеин се првенци меѓу младите жители на Џенетот.“
«الحَسَن والحُسَيْن سَيِّدا شَباب أهْل الجنة».
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека неговите внуци, Хасан и Хусеин, синовите на Али бин ебу Талиб и Фатима, ќерката на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, Аллах нека е задоволен со нив, се првенци меѓу сите што починале млади и влегле во Џенетот во поглед на нивната доблест. Или, дека тие се првенци меѓу младите жители на Џенетот, со исклучок на веровесниците и праведните халифи.
Во хадисот е истакната големата доблест на Хасан и Хусеин, Аллах нека е задоволен со двајцата.
Во коментар на хадисот е речено дека се мисли на тоа дека тие двајца, во времето кога бил изречен хадисот, биле првенци меѓу младите жители на Џенетот од тоа време. Или дека се подобри од оние за кои нема општа потврда за посебна вредност, како што ја имаат веровесниците и праведните халифи. Можно објаснување е дека се првенци меѓу оние што поседуваат младешки доблести, како чест, дарежливост и храброст, а не дека се мисли на нивната физичка возраст, бидејќи Хасан и Хусеин починале во зрелоста.
Сунен Тирмизи (6/ 113) (3768).
Муснед на Ахмед ибн Ханбел (17/ 31) (10999).
Повеќе... (6)
حاشية السندي على سنن ابن ماجه.
محمد بن عبد الهادي التتوي (1/ 56).
تحفة الأحوذي بشرح جامع الترمذي.
محمد المباركفوري (10/ 178).
المصباح المنير في غريب الشرح الكبير.
لأحمد الفيومي (1/ 294).
Цитирано во книги
3 КнигиПовеќе... (3)
- المعايشون للمصطفى صلى الله عليه وسلم(الحسن والحسين سيِّدا شباب أهل الجنة)). ([291])
- المعايشون للمصطفى صلى الله عليه وسلم(الحسن والحسين سيدا شباب أهل الجنة))،([325])
- المناهج التعليمية - الصف السادسالمناهج الدراسية - التوحيد - الصف السادس «الْحَسَنُ وَالْحُسَيْنُ سَيِّدَا شَبَابِ أَهْلِ الْجَنَّةِ»[38].