„Кога луѓето ќе го видат зулумќарот (насилникот) и нема да го спречат, Аллаховата казна наскоро ќе ги опфати сите.“
Од Ебу Бекр ес-Сидик, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: Луѓе вие го читате овој ајет: „О, верници, грижете се за себе; ако сте на Вистинскиот пат, нема да ви наштети тој што заталкал!" А јас го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
„Кога луѓето ќе го видат зулумќарот (насилникот) и нема да го спречат, Аллаховата казна наскоро ќе ги опфати сите.“
«إِنَّ النَّاسَ إِذَا رَأَوْا الظَّالِمَ فَلَمْ يَأْخُذُوا عَلَى يَدَيْهِ أَوْشَكَ أَنْ يَعُمَّهُمُ اللَّهُ بِعِقَابٍ مِنْهُ».
Ебу Бекр ес-Сидик, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека луѓето го рецитираат следниот ајет: „О, верници, грижете се за себе; ако сте на Вистинскиот пат, нема да ви наштети тој што заталкал!" (Ел Маиде, 105) И го разбираат на начин дека човекот треба да се грижи само за сопствената исправност, мислејќи дека, откако ќе го стори тоа, нема да му наштети заблудата на другите и дека не се должни да наредуваат добро и да го спречуваат злото. Тој им објаснил дека ајетот не се толкува на тој начин и дека го слушнал Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Кога луѓето ќе го видат зулумќарот (насилникот) и нема да го спречат во неговото угнетување, и кога имаат можност да го спречат, Аллах ќе ги опфати сите со Својата казна – и оној што го правел злото, и оној што молчел пред него.“
Обврска на муслиманите е да се советуваат меѓусебно, да наредуваат добро и да го спречуваат злото.
Аллаховата општа казна ги опфаќа и зулумќарот за неговото угнетување, како и оној што молчи и не го осудува злото, иако бил во можност да го спречи.
Подучувањето на луѓето и објаснувањето на куранските текстови мора да биде на исправен начин.
Човекот е должен да се стреми кон правилното разбирање на Аллаховата Книга, за да не ја толкува спротивно на она што Аллах го бара.
Упатствоto не е целосно доколку се занемари наредувањето на доброто и спречувањето на злото.
Исправното толкување на ајетот гласи: „Придржувајте се кон тоа да ги заштитите вашите души од гревови. Ако ги заштитите вашите души, нема да ви наштети ако не успеете да наредувате добро и да спречувате зло, ниту ќе ви наштети заблудата на оние кои ги прават забранетите дела, сè додека вие сте упатени да ги избегнувате.“
Сунен Тирмизи (4/ 40) (2168).
Сунен Ебу Давуд (6/ 393) (4338).
Сунен ел-Кубра на Несаи (10/ 88) (11092).
Сунен Ибн Маџе (5/ 139) (4005).
Муснед на Ахмед ибн Ханбел (1/ 197) (16).
Повеќе... (8)
بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.
لسليم الهلالي (1/ 286).
كنوز رياض الصالحين.
مجموعة من الباحثين (4/ 126).
شرح رياض الصالحين.
لابن عثيمين (2/ 454).
نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.
لمجموعة من الباحثين (1/ 218).
Цитирано во книги
3 КнигиПовеќе... (3)
- رياض الصالحينرياض الصالحين مع فوائد وهدايات - 2«إنَّ النَّاسَ إذَا رَأوُا الظَّالِمَ، فَلَمْ يَأْخُذُوا عَلَىٰ يَدَيْهِ أَوْشَكَ أَنْ يَعُمَّهُمُ اللهُ بِعِقَابٍ مِنْهُ».
- قاموس الكبائرموسوعة الكبائر - المجموعة الثانية«إِنَّ النَّاسَ إِذَا رَأَوْا ظَالِمًا، فَلَمْ يَأْخُذُوا عَلَى يَدَيْهِ أَوْشَكَ أَنْ يَعُمَّهُمُ اللَّهُ بِعِقَابٍ مِنْهُ» [145].
- نبراس طالب (2)نبراس طالب (2) «إِنَّ النَّاسَ إِذَا رَأَوْا ظَالِمًا، فَلَمْ يَأْخُذُوا عَلَى يَدَيْهِ أَوْشَكَ أَنْ يَعُمَّهُمُ اللَّهُ بِعِقَابٍ مِنْهُ»