,Кога ќе дојде рамазан, направете умра, бидејќи умрата во рамазан е еднаква со хаџот.‘“
Од Ибн Абас, радијаллаху анхума, се пренесува:
Пратеникот ѝ рекол на една енсаријка, Ибн Абас го спомна нејзиното име, но јас го заборавив: „,Што те спречи да извршиш хаџ со нас?‘ Таа рече: ,Имавме само две камили за јавање. На едната изврши хаџ нејзиното дете и неговиот татко, а ја остави другата за нас.‘ Пратеникот ѝ рече: ,Кога ќе дојде рамазан, направете умра, бидејќи умрата во рамазан е еднаква со хаџот.‘“
قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ لِامْرَأَةٍ مِنَ الْأَنْصَارِ سَمَّاهَا ابْنُ عَبَّاسٍ فَنَسِيتُ اسْمَهَا: «مَا مَنَعَكِ أَنْ تَحُجِّي مَعَنَا؟» قَالَتْ: لَمْ يَكُنْ لَنَا إِلَّا نَاضِحَانِ فَحَجَّ أَبُو وَلَدِهَا وَابْنُهَا عَلَى نَاضِحٍ وَتَرَكَ لَنَا نَاضِحًا نَنْضِحُ عَلَيْهِ، قَالَ: «فَإِذَا جَاءَ رَمَضَانُ فَاعْتَمِرِي، فَإِنَّ عُمْرَةً فِيهِ تَعْدِلُ حَجَّةً».
Откако Пратеникот, алејхи селам, се вратил од прошталниот аџилак, прашал една енсаријка: „Што те спречи да не го извршиш аџилакот со нас?“ Таа се оправдувала дека имале само две камили, на едната хаџот го извршиле нејзиниот маж и нејзиниот син, а втората ја оставиле за да им служи да вадат вода од бунарот. Тогаш, Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ја информирал дека умрата извршена во месецот рамазан има иста награда како и аџилакот.
Вредноста на умрата направена во месецот рамазан.
Умрата во рамазан е вредна во севапи како да се изврши хаџ, но со неа не отпаѓа обврската да се изврши хаџот.
Обемот на наградата за добрите дела се разликува сходно на периодот кога се направени, а еден од тие периоди е во рамазан.
Сахих Ел-Бухари (3/ 19) (1863).
Сахих Муслим (2/ 917) (1256).
Повеќе... (6)
بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.
لسليم الهلالي (2/ 403).
نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.
لمصطفى الخِن وغيره (2/ 896).
المنهاج شرح صحيح مسلم بن الحجاج.
للنووي (9/ 2).