Skip to content

نص الموضوع

Изработката на скулптури спаѓа меѓу големите гревови на кои предупредува шеријатот. Аллаховиот Закон го проколнал оној што ги изработува и му се заканил со строга казна. Тоа е, исто така, една од најголемите причини за обожување на идоли и за ширење на ширк кон Возвишениот Аллах.

Суштината на изработката на скулптури е тоа што човекот прави лик со кој го подражава она што Аллах го создал од живите суштества – без разлика дали е направен од камен, глина, железо, бакар или некој друг материјал.

Учените се едногласни во ставот дека е забрането и изработувањето и поседувањето на скулптури. [155]

[155] Види Фетхул Бари (10/391).

Имамот Невеви, рахимехуллах, рекол:

„Учените се согласни за забраната на она што има сенка и за задолжителноста тоа да се отстрани. Кади Ијад рекол: освен она што е дозволено за играње со кукли кај малите девојчиња, за што постои посебна дозвола.“ [156]

[33] Шерх Муслим (1/69).

Докази:

Во Сунетот се пренесени многу текстови кои предупредуваат од сликањето и правењето скулптури, меѓу кои:

Абдулах бин Омер, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Навистина, оние кои ги прават овие слики ќе бидат казнети на Судниот ден, ќе им биде речено: ‚Оживејте го тоа што сте го создале.‘“ [157]

[1] Го бележат Бухари, бр. (2766), и Муслим, бр. (89).

Од Муслим бин Субејх се пренесува дека рекол: Бевме со Месрук во куќата на Јесар бин Нумејр, па виде во неговата куќа слики и рече: Го слушнав Абдулах бин Месуд, радијаллаху анху, како пренесува дека го слушнал Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, како вели:

„Навистина, на Судниот ден, најжестока казна од Аллах ќе имаат цртачите (сликарите).“ [158]

Од Ебу Зура се пренесува дека рекол: „Влегов со Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, во куќата на Мерван. Тој забележа во неа слики и рече: ‚Го слушнав Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: Аллах, Семоќниот и Возвишениот, рекол:

„Кој е понеправеден од оној што сака да создаде како што Јас создавам? Па, нека создадат атом, или нека создадат зрно, или нека создадат зрно јачмен.“ [159]

Од Сеид бин Ебул Хасен се пренесува дека рекол:

„Бев кај Ибн Абас, радијаллаху анхума, кога му дојде еден човек и рече: ,Јас сум човек кој живее од работата на своите раце, и јас ги правам овие слики.' Ибн Абас, радијаллаху анхума, му одговори: ,Нема да ти кажам ништо друго освен она што го слушнав од Аллаховиот пратеник, алејхи селам, како вели: ‚Кој ќе нацрта слика, Аллах ќе го казнува сè додека не ѝ вдахне душа, а тој никогаш нема да може да ѝ вдахне душа.‘ Човекот почна тешко да дише од страв и лицето му пожолте. Тогаш Ибн Аббас рече: ,Тешко тебе, ако веќе мораш да го работиш тоа, тогаш цртај дрвја и сè што нема душа.‘“ [160]

Од Ебу Талха, радијаллаху анху, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Мелеците не влегуваат во куќа во која има куче и слики (на живи суштества).“ [161]

Имамот Бухари рекол: „Се мисли на фигурите на живите суштества.“

Ебу ел-Хејаџ ел-Есди раскажува дека Али бин Ебу Талиб му рекол:

„Дали сакаш да те задолжам со истото со кое ме задолжи Аллаховиот Пратеник, алејхи селам? Урни го секој кип и срамни го секој издигнат гроб!“ [162]

[3] Го бележи Муслим, бр. (233).

Ибн Тејмије рекол:

„Му наредил да ги отстрани двата лика: сликата (скулптурата) направена според ликот на умрениот и скулптурата подигната над неговиот гроб, бидејќи ширкот се прави и со едното и со другото.“ [163]

[163] Меџму‘ Ел-Фетава, (17/462).

Штетни последици:

Штетните последици од правењето статуи се многубројни, од кои:

  • Тоа е причина за ширк припишување рамен Возвишениот Аллах, а Ибн Абас, радијаллаху анхума, за Аллаховите зборови, пренесува:

„И велат: ,Никако божествата ваши не ги оставајте, и никако, ниту Ведд, ниту Сува, а ни Јегус, ни Јеук, ниту Неср не ги напуштајте!‘“

(Нух, 23), рекол: „Имиња на добри луѓе од народот на Нух. Кога тие умреле, шејтанот го навел нивниот народ да постават споменици (т.е. кипови) на местата на нивните седенки и да ги наречат по нивните имиња. Тие го сториле тоа, но киповите не биле обожувани, сè додека не изумрела таа генерација и знаењето не се изгубило, па тогаш почнале да ги обожуваат.“ [164]

[8] Го бележи Бухари, бр. (5885).

  • Дека во тоа има соперништво со Возвишениот Аллах и Негово подражавање во една од Неговите највеличествени особини, а тоа е особината на создавањето.
  • Тоа е причина за гневот на Возвишениот Аллах врз робот на Судниот ден, бидејќи цртачите се најлошите суштества кај Возвишениот Аллах. Од мајката на верниците, Аиша, радијаллаху анха, се пренесува, дека Уму Хабибе и Уму Селеме, радијаллаху анхума, спомнале една црква која ја виделе во Абисинија, во која имало слики, па Му ја спомнале на Пратеникот, алејхи селам, а тој рекол:

„Навистина тие, кога меѓу нив имало добар човек и кога тој ќе умрел, тие врз неговиот гроб граделе светиште и ги насликувале тие слики. Таквите се најлошите созданија кај Аллах на Судниот ден.“ [165]

  • Тоа е причина Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, да го проколне вршителот на тоа дело, како што се пренесува од Ебу Џухејфе, радијаллаху анху:

„Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го проколнал сликарот.“ [166]

  • Тоа дело е причина за тешка казна на Судниот ден, како што беше споменато во хадисите.
  • Мелеците не влегуваат во куќа во која има слика (на живо суштество) или статуа, како што беше споменато во претходен хадис.
  • Поистоветување со неверниците, како на пример со христијаните и другите.

Заштита:

Начини на заштита од овој голем грев:

Робот треба да го има на ум Аллаховиот гнев врз него на Судниот ден, кога ќе му биде наредено да вдише душа во таа слика, но нема да може да го стори тоа, како и фактот дека врз него ќе биде спуштено проклетството на Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем.

Да знае дека, доколку изработката на статуи му е професија, оној што ќе остави нешто заради Аллах, Аллах ќе му го надомести со нешто подобро – и на овој, и на идниот свет; бидејќи, ако го напушти тоа дело искрено заради Аллах, Тој ќе го снабди со дозволен ризк (снабдување) од каде што и не очекува.

Да се потсети на влијанието на недозволената заработка врз неприфаќањето на неговата дова и врз лошото воспитување и карактер на неговите деца.

А ако некој го прави тоа од забава или од, како што велат, хоби, тогаш уште повеќе му доликува да го остави тоа заради Аллах, Возвишениот, и да го замени со нешто друго од украсите на овој свет што Аллах ги дозволил. А доколку, сепак, не сака да се откаже, тогаш нека прави фигури од она што нема душа – како дрвја, градби и безживотни предмети.

  • Отстранување и уништување на скулптурите од страна на оние што имаат овластување за тоа – како надлежните и одговорни институции, како и мажот во сопствениот дом.