نص الموضوع
Зекатот е еден од основните столбови на исламот и претставува задолжителна садака (милосрдие) што се зема од богатите и им се дава на сиромашните. Неговото недавање е еден од големите гревови, за кои Аллах го негирал иманот на тие што го прават, им се заканил со разни предупредувања и тешки казни во животот и по смртта: пропаст на овој свет, а несреќа и загуба на Ахирет.
Одбивањето да се даде зекат претставува несреќа како за оној што скржави и не го дава, така и за општеството што ја одобрува таа лоша постапка и не ја осудува.
Оној што одбива да го дава зекатот, негирајќи ја неговата обврска, без сомнеж излегува од верата исламот и станува неверник. За разлика од оној што го одбива поради скржавост и алчност - неговиот грев е голем и тежок, бидејќи бројни ајети и хадиси укажуваат дека недавањето зекат е еден од големите гревови за кои Возвишениот Аллах одредил и овосветски и оносветски казни.
Докази:
Наведени се многубројни докази во Куранот и Сунетот за предупредување од недавањето зекат, од кои се:
Аллаховите зборови:
„На тие кои златото и среброто го збираат и на Аллаховиот пат не го трошат, најави им болно страдание!
На Денот кога тоа (златото и среброто) во огнот џехенемски ќе се усвити, па со него челата нивни и слабините нивни и грбовите нивни ќе се жигосаат: ,Ова е тоа што за себе го натрупувавте; искусете ја тогаш казната за тоа што го збиравте!‘“
(Ет Теуба, 78)
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Оној кому Аллах му дал имот, а не го издвојува неговиот зекат, на Судниот ден неговиот имот ќе му биде претставен како страшна ќелава змија со две отровни дамки над очите. Таа ќе му се обвие околу вратот, ќе го фати за образите и ќе му каже: ‘Јас сум твојот имот, јас сум твоето богатство.’“ Потоа рецитираше: „Нека не мислат тие што се скржави во тоа што Аллах од изобилието Свое им го дава дека е тоа добро за нив! Не, тоа е лошо за нив! На Судниот ден ќе им биде замотано околу вратот тоа за што беа скржави! А на Аллах Му припаѓа наследството на небесата и на Земјата и Аллах е известен за тоа што го правите!“ [71]
[8] Го бележи Бухари, бр. (5885).
(Али Имран, 103)
Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, исто така, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Нема сопственик на злато или сребро кој не ја исполнува својата обврска, а на Судниот ден да не му бидат направени плочи од оган; ќе бидат загреани во џехенемскиот оган, па со нив ќе му се жигосуваат неговите бокови, чело и грб. Секогаш кога ќе се оладат, ќе му бидат повторно вратени, во ден што трае педесет илјади години, сè додека не се заврши судењето помеѓу Аллаховите робови, па ќе го види својот пат: или кон Џенетот, или кон Џехенемот.“ [72]
[3] Го бележи Муслим, бр. (233).
Така постапил и Ебу Бекр Ес-Сидик, радијаллаху анху со оние што одбија да го даваат зекатот по смртта на Пратеникот, алејхи селам. Тој се борел против нив сè додека не се покајале и не го дале зекатот од својот имот. Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол:
„Кога почина Пратеникот, алејхи селам, и Ебу Бекр стана негов наследник, а некои од Арапите се одметнаа од верата, Омер рече: „О, Ебу Бекр, како можеш да се бориш против луѓето, кога Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, рекол: ,Наредено ми е да се борам против луѓето сè додека не кажат дека нема друго божество освен Аллах. Па, кој ќе каже дека нема друго божество освен Аллах, го заштитил од мене својот имот и својот живот, освен кога правото бара поинаку, а неговата пресметка е кај Аллах?‘“ Ебу Бекр рече: „Се колнам во Аллах, ќе се борам против секој што прави разлика меѓу намазот и зекатот, затоа што зекатот е право на имотот. Се колнам во Аллах, ако ми ускратат макар и едно јаре (женско козле кое сè уште нема една година) што му го давале на Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ќе се борам против нив поради тоа.“ Омер рече: „Се колнам во Аллах, штом видов дека Аллах му ги отворил градите на Ебу Бекр за борба, знаев дека тоа е вистината.“ [73]
[1] Го бележат Бухари, бр. (2766), и Муслим, бр. (89).
Штетни последици:
Штетни последици од недавањето на зекатот:
- Недавањето на зекатот е една од особините на многубошците, па оној што не го дава, ги имитира нив, а кој имитира еден народ, тој е еден од нив. Возвишениот вели:
„И тешко на многубошците кои зекат не даваат.“
(Фусилет, 6-7)
- Скржавоста при издвојувањето на зекатот е една од знаците и причините на лицемерството, како што Возвишениот Аллах во описот на лицемерите, вели:
„И што без волја даваат.“
- Искушение преку спречување на дождот. Ибн Омер, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Не го спречиле давањето на зекатот од нивниот имот, а да не им бил спречен дождот од небото. А да не беше стоката, немаше ни да им заврне дожд.“ [74]
[74] Го бележи Ибн Маџе, бр. (4019).
- Води кон уништување и исчезнување на имотот, преку различни причини што предизвикуваат пропаст и загуба.
- Недавањето на зекат доведува до ширење на омраза меѓу сиромашните и богатите во општеството.
Заштита:
Начини на заштита од овој голем грев:
- Муслиманот треба да знае дека имотот е сопственост на Аллах, и дека благодатта е во Неговите раце – Тој ја дарува кому сака. Возвишениот Аллах е Тој Кој дава, и Нему Му припаѓа она што го дарувал. Тој, исто така, му наредил да ја изврши таа обврска (фарз) кон оние кои се во потреба. А ти си само довереник над тој имот; па ако Возвишениот Аллах посака – ќе ти даде, а ако посака – ќе ти го одземе.
- Оној што го дава зекатот треба да биде свесен за вредноста на тоа дело и за казната поради неговото недавање. Треба да знае дека Аллах ќе му го надомести – а Тој е најдобриот Снабдувач – и дека Тој ја зголемува и умножува (награда) за него сè додека не порасне и не стане колку планината Ухуд во добри дела.
А оној што ја извршува (оваа обврска), кого Аллах го израдувал со веста дека нема да се плаши на овој свет, ниту пак ќе тагува на идниот, брза кон неа и се натпреварува во добри дела. А кога ќе дознае за казната на оној што ја запоставува, ќе се исплаши од Аллаховата казна – и на овој и на оној свет – па ќе се покори на наредбата на Возвишениот Аллах, надевајќи се на Неговата награда и плашејќи се од Неговата казна.
- Да се бара заштита кај Аллах од скржавоста, бидејќи Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, наредувал да се бара заштита од неа. Од Мусаб бин Сад се пренесува дека Сад бин Еби Векас, радијаллаху анху, наредувал пет работи, пренесувајќи од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, дека и тој ги наредувал:
„Аллаху мој, барам заштита од Тебе од скржавоста, и барам заштита од Тебе од кукавичлукот, и барам заштита од Тебе да не доживеам најбедна старост, и барам заштита од Тебе од искушенијата на овој свет, и барам заштита од Тебе од казната во гробот.“ [75]