Зошто Аллах не одговара на секоја дова што Му ја упатуваме?
- محاور التعريف بالإسلام
- الغاية من خلق الإنسان ومعنى الحياةمعنى الابتلاء
- مصدر الإجابة
- قسم المسلمين
- الباب / الفصل
- (قسم المسلمين)
السؤال
Зошто Аллах не одговара на секоја дова што Му ја упатуваме?
الجواب
Ова прашање често се поставува: Ако Аллах сè слуша и е Семоќен, тогаш зошто понекогаш Му упатуваме дова, а не гледаме непосреден одговор на она што сме го побарале? Зарем тоа не е спротивно на Неговата милост и на Неговото ветување дека ќе одговори?
Прво: Аллах ветил дека ќе одговори.
Возвишениот Аллах, вели:
„А кога робовите Мои ќе те прашаат за Мене, Јас сум, сигурно, блиску: се одѕивам на молбата на молителот кога ќе Ме замоли...“
(Ел Бекаре, 21)
Аллах не го прекршува Своето ветување, но Неговиот одговор доаѓа на начин во кој има добро за робот, а не секогаш според она што самиот човек го посакува. Можеби човекот бара нешто во кое се крие неговата пропаст, а Аллах најдобро знае што му користи. Возвишениот Аллах вели:
„Можеби не сакате нешто, а тоа е добро за вас; можеби сакате нешто, а тоа е лошо за вас!“
Второ: Формите на одговарање на довата се различни.
Пратеникот ﷺ појаснил дека довата не се одбива, туку дека нејзиниот одговор доаѓа во една од три форми:
„Нема муслиман што ќе упати дова до Аллах, во која нема грев ниту прекинување на роднинските врски, а Аллах да не му даде една од три работи: или веднаш ќе му ја исполни довата, или ќе му ја зачува за Ахиретот, или ќе оттурне од него зло еднакво на неа.“
Секоја дова е примена, но нејзиниот прием може да биде преку исполнување на побараното, преку отстранување на некое зло или преку зачувување на наградата за Ахиретот.
Трето: Довата е ибадет пред да биде барање.
Кога верникот ги крева рацете во дова, тој ја покажува својата понизност и потреба од својот Господар. Самото тоа претставува голем ибадет за кој човекот добива награда, без разлика дали ќе го види резултатот од довата набрзо или не. Аллаховиот Пратеник ﷺ, рекол:
„Довата е ибадет.“
Затоа, муслиманот никогаш не е во загуба поради довата, туку преку неа постојано е во ибадет.
Четврто: Можно е во одложувањето на одговорот да има добро за робот.
Аллах понекогаш го одложува исполнувањето на довата за да го тестира трпението на робот, за да му ја зголеми поврзаноста со Него или за да му подари нешто уште подобро од она што го побарал. Колку само луѓе побарале од Аллах одредена работа, па Тој не им ја дал, а потоа им дал нешто што било подобро за нивната вера и за нивниот овосветски живот.
Заклучок: Тоа што човекот не го добил она за што упатил дова не значи дека Аллах не му одговорил. Напротив, тоа значи дека Аллах одговорил на најсовршен начин, согласно со мудроста што Тој ја поседува. Верникот е убеден дека секоја дова има свој плод: или брзо исполнување, или награда зачувана за Ахиретот, или отстранување на некое зло. Така, довата претставува врата кон милоста и спокојството, а не врата кон сомнеж и приговор.
المصدر
ملاحظات
--