Skip to content

Зошто Аллах ги става на искушение Своите робови и не ги остава во трајна благосостојба?

محاور التعريف بالإسلام
الشبهات والاعتراضات
مصدر الإجابة
قسم المسلمين
الباب / الفصل
(قسم المسلمين)

السؤال

Зошто Аллах ги става на искушение Своите робови и не ги остава во трајна благосостојба?

الجواب

Искушението е Божествен универзален закон воспоставен меѓу Аллаховите созданија. Тоа не е бесмислено, ниту претставува неправда, туку е поради возвишена мудрост и голема милост. Искушението на овој свет е полето во кое се испитува искреноста на верувањето, и преку кое се разликува добриот од расипаниот, и трпеливиот верник од неблагодарниот неверник. Возвишениот Аллах вели:

„Тој што ги даде смртта и животот за да ве искуша кој од вас подобро ќе постапува..."

(Ел Мулк, 2)

Целиот живот е место на искушенија, а неговата цел не е минливото уживање, туку испитот што ги подготвува луѓето за вечната награда на Ахиретот.

Здравиот разум прифаќа дека луѓето можат да се разликуваат само преку искушенија. Кога сите би живееле во трајна благосостојба, без тешкотии и неволји, немаше да се покаже ничија искреност, ниту би се разликувала една одлучност од друга. Искушението, исто така, му ја открива на човекот неговата слабост и потребата од неговиот Господар, го враќа кон понизност и приближување кон неговиот Создател, со што се прочистува неговата душа и се зацврстува неговото верување. Затоа Пратеникот ﷺ рекол:

„Луѓето кои се најтешко искушувани се веровесниците, потоа оние што се најслични на нив, па оние што се најслични на нив.“

Па така, искушението е знак на Аллаховата љубов кон Неговиот роб, доколку тој го прифати со трпение и задоволство.

Исто така, една од мудростите на искушението е и таа што преку него се прочистуваат гревовите, се бришат лошите дела и се зголемуваат степените. Доколку верникот биде трпелив и се надева на награда, Аллах неговото искушение ќе го направи причина за негово воздигнување на овој свет и на Ахиретот. Во хадисот се вели:

„Нема да го погоди муслиманот замор, болест, грижа, тага, непријатност или мака, па дури ни трнот со кој ќе се боцне, а Аллах поради тоа да не му избрише дел од неговите гревови.“

Па така, искушението за верникот во целост е добро: или ќе го воздигне, или ќе му ги избрише гревовите, или уште повеќе ќе го приближи до Аллах.

Што се однесува до приговорот што го изнесуваат некои луѓе: „Ако Аллах е Милостив, тогаш зошто ги става на искушение Своите робови?“, одговорот е дека вистинската милост не е луѓето да бидат оставени да уживаат на дуњалукот без одговорност, туку да бидат потсетени да Му се вратат на својот Создател и да се подготват за вечното живеалиште. Тешкотиите можат да бидат причина за упатување и враќање кон Аллах, додека постојаната благосостојба може да го одведе човекот во горделивост и немарност. Затоа Возвишениот Аллах вели:

„И Ние ќе сториме да искусат помала казна пред големата казната, за да се повратат.“

(Ес Сеџда, 21)

Искушението, исто така, ја открива вистинската природа на овој свет и покажува дека тој не е трајно живеалиште, туку премин кон Ахиретот. Кога на дуњалукот не би постоеле болки и тешкотии, луѓето би се приврзале за него и би ја заборавиле највозвишената цел. Но, Аллах сакаше овој свет да биде краткотраен и минлив, а вистинското уживање да биде во Џенетот, каде што нема ниту замор, ниту мака, ниту тага.

Заклучок: Искушението е милост и испит преку кој верникот се разликува од другите, душите се прочистуваат, гревовите се бришат, се открива вистинската природа на овој свет и робот се подготвува за Ахиретот. Тоа, всушност, е дел од Аллаховата правда, мудрост и милост, а не нешто што им противречи.

المصدر

قسم المسلمين

ملاحظات

--