17 : 5
فَإِذَا جَآءَ وَعۡدُ أُولَىٰهُمَا بَعَثۡنَا عَلَيۡكُمۡ عِبَادٗا لَّنَآ أُوْلِي بَأۡسٖ شَدِيدٖ فَجَاسُواْ خِلَٰلَ ٱلدِّيَارِۚ وَكَانَ وَعۡدٗا مَّفۡعُولٗا
Кога ќе дојде времето на првиот од двата нереда, ќе ги испратиме против вас робовите Наши, силно моќни, тие домовите ваши ќе ги прегазат, и ветувањето за казната ќе го исполнат.
Explanation & meanings · 1
- Се однесува, по својата прилика, на случувањето кога вавилонскиот цар Набукодоносор при крајот на шестиот век п.н.е. ја освоил Палестина, го срушил Храмот во Ерусалим и илјадници eвреи однел во ропство во Вавилон.