Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

56 од 841 картички

Исчисти филтри
„Често спомнувајте го она што ги прекинува задоволствата“ – односно смртта.
Добар Го бележат Тирмизи, Несаи и Ибн Маџе
Наутро да каже: „Аллахумме бике асбахна ве бике емсејна ве бике нахја ве бике немуту ве илејкен-нушур“ (Алаху, со Тебе го започнуваме утрото, со Тебе ја завршуваме вечерта, со Тебе живееме, со Тебе умираме, а кај Тебе е оживувањето). А навечер велеше: „Бике емсејна ве бике асбахна ве бике нахја ве илејкен-нушур“ (Со Тебе ја завршуваме вечерта, со Тебе го започнуваме утрото, со Тебе живееме, со Тебе умираме и кај Тебе е оживувањето). И рече: А еднаш рече: „Ве илејкел-месир“ (И кон Тебе е враќањето).
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи во „Кубра“ и Ибн Маџе
„Мисвакот е средство за чистење на устата и задоволство за Господарот.“
Автентичен Го бележат Несаи и Ахмед
„Борете се против многубошците со вашите имоти, животи и јазици.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Несаи и Ахмед
„Редовно извршувајте аџилак и умра – бидејќи тие ја отстрануваат сиромаштијата и гревовите, како што ковачкиот оган ја чисти нечистотијата од железото, златото и среброто. А за примениот аџилак нема друга награда освен Џенет.“
Автентичен Го бележат Тирмизи, Несаи и Ахмед
„Довата помеѓу езанот и икаметот не се одбива.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, и Несаи
„Оној што поради небрежност ќе го остави петочниот намаз трипати, Аллах ќе му го запечати срцето.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи, Ибн Маџе и Ахмед
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, зеде свила во левата рака и злато во десната, потоа ги крена рацете и рече: „Овие две нешта се харам за мажите од мојот умет, а дозволени за нивните жени.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Несаи и Ибн Маџе