Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

79 од 841 картички

Исчисти филтри
„Аллах за мојот умет преминал (нема да ги земе на одговорност) преку грешката, заборавот и она на што биле присилени.“
Ен-Невеви рекол: „Хадисот е добар (хасен).“ Го бележат Ибн Маџе, Бејхеки и други
„Аллах нека го осветли лицето на оној што ќе чуе нешто од нас, па тоа го пренесе онака како што го слушнал. Можеби оној кому му го пренел – подобро ќе го разбере од оној што го чул.“
Автентичен Го бележат Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Носете бела облека – бидејќи таа е од најдобрите што ги имате – и во неа обвиткувајте ги вашите починати.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ибн Маџе
„Ако вистински се потпрете врз Аллах, Тој би ве снабдил како што ги снабдува птиците, наутро одлетуваат гладни а навечер долетуваат сити.“
Автентичен Го бележат Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Не изучувајте го знаењето за да се фалите пред учените, ниту за да расправате со незнајковците, ниту за да барате почесни места. Кој го прави тоа, ќе биде во Огнот, Огнот!“
Автентичен Го бележи Ибн Маџе
„Знајте дека дуњалукот е проколнат – и проколнато е сè што се наоѓа во него, освен спомнувањето на Аллах, она што Тој го сака, и учениот или ученикот.“
Добар Го бележат Тирмизи и Ибн Маџе
„Секој брак на жена склучен без дозвола од нејзиниот старател е неважечки.“ – ова го повторил трипати -. „Ако мажот има интимен однос со неа, таа го заслужува мехрот поради односот. А ако настане несогласување, тогаш владетелот е старател на оној што нема старател.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
“На Судниот ден ќе биде повикан човек од мојот умет пред сите створенија. Ќе му бидат покажани деведесет и девет свитоци со гревови, секој од нив голем колку што погледот допира. Потоа ќе му биде речено: ‘Дали негираш нешто од ова?’ Тој ќе одговори: ‘Не, Господару мој.’ Аллах ќе го праша: ‘Дали моите мелеци писари и чувари ти направиле неправда?’ Тој ќе одговори: ‘Не, Господару мој.’ Потоа ќе го праша: ‘Имаш ли некое оправдание за овие гревови?’ Човекот ќе одговори: ‘Не, Господару мој.' Аллах ќе му рече: ‘Напротив, ти имаш добри дела кај нас и денес нема да ти биде направена неправда!’ Тогаш ќе се извади картичка на која пишува: ‘Ла илахе иллаллах - сведочам дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Негов роб и пратеник.’ Човекот ќе праша: ‘Господару мој, што е оваа картичка наспроти сите овие свитоци?’ Аллах ќе одговори: ‘Навистина нема да ти биде направена неправда!’ Потоа свитоците ќе се стават на една страна од вагата, а картичката на другата страна, и картичката ќе претегне. Ништо нема потешко од Аллаховото име.”
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ибн Маџе