Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

85 од 841 картички

Исчисти филтри
„Мисвакот е средство за чистење на устата и задоволство за Господарот.“
Автентичен Го бележат Несаи и Ахмед
во врска со зборовите на Возвишениот Аллах: „И на тој што во него ќе сака какво било насилство да стори, ќе им дадеме неиздржливо страдање да доживеат.“ (Ел-Хаџ, 25), рекол: „Ако некој само науми да направи насилство во него – дури и да е далеку, во Аден, областа Ебјан – Аллах ќе го натера да вкуси неиздржливо страдање.“
Автентичен Го бележат Ахмед и Хаким
„Секој брак на жена склучен без дозвола од нејзиниот старател е неважечки.“ – ова го повторил трипати -. „Ако мажот има интимен однос со неа, таа го заслужува мехрот поради односот. А ако настане несогласување, тогаш владетелот е старател на оној што нема старател.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Прашав: ,О, Алаховиот Пратенику, кажи ми нешто за исламот, за што нема да морам никого да прашувам после тебе?‘ Аллаховиот пратеник, алејхи селам рече: ,Речи: Верувам во Аллах, а потоа биди истраен во тоа.‘“
Автентичен Го бележат Муслим и Ахмед
„Борете се против многубошците со вашите имоти, животи и јазици.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Несаи и Ахмед
„Редовно извршувајте аџилак и умра – бидејќи тие ја отстрануваат сиромаштијата и гревовите, како што ковачкиот оган ја чисти нечистотијата од железото, златото и среброто. А за примениот аџилак нема друга награда освен Џенет.“
Автентичен Го бележат Тирмизи, Несаи и Ахмед
раскажува од една од сопругите на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем – Ебу Амир рекол: „Нафиʿ рече: Мислам дека тоа била Хафса“ – дека кога ја прашале за рецитирањето на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, таа рекла: „Вие не би можеле да го издржите тоа.“ Па ѝ било речено: „Кажи ни како рецитираше.“ Тогаш таа рецитирала полека и разложено. Ебу Амир рекол: „Нафиʿ рече: Ибн ебу Мулејка ни опиша, па рецитираше: ‚Сета благодарност Му припаѓа на Аллах, Господарот на световите.’ (Ел-Фатиха: 2) – и застана, потоа: ,Семилосниот, Милостивиот’ (Ел-Фатиха: 3) – и застана, потоа: ,Владетелот на Судниот ден.’ (Ел-Фатиха: 4).“
Автентичен Го бележи Ахмед
„Оној што поради небрежност ќе го остави петочниот намаз трипати, Аллах ќе му го запечати срцето.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи, Ибн Маџе и Ахмед