Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

85 од 841 картички

Исчисти филтри
„Аллахумме инни ес'елуке минел-хајри куллихи, 'аџилихи ве аџилихи, ма 'алимту минху ве ма лем е'алем, ве е'узу бике минеш-шерри куллихи, 'аџилихи ве аџилихи, ма 'алимту минху ве ма лем е'алем. Аллахумме инни ес'елуке мин хајри ма сеелеке 'абдуке ве небијјуке, ве е'узу бике мин шерри ма 'азе бихи 'абдуке ве небијјуке. Аллахумме инни ес'елукел-џеннете, ве ма карребе илејха мин кавлин ев 'амел, ве е'узу бике минен-нари, ве ма карребе илејха мин кавлин ев 'амел, ве ес'елуке ен теџ'але кулле кадаин кадајтеху ли хајрен“ (О Аллаху, од Тебе барам секакво добро, итно и одложено, она што го знам и она што не го знам. И барам засолниште кај Тебе од секакво зло, непосредно и одложено, она што го знам и она што не го знам. О Аллаху, од Тебе го барам најдоброто од она за што од Тебе го побарал Твојот слуга и Пратеник и барам прибежиште кај Тебе од злото од она од кое што барале засолниште Твојот слуга и Пратеник. О Аллаху, од Тебе го барам Џенетот, и говорот или делото кое ме приближува кон него, и барам засолниште при Тебе од Огнот, и од говорот или делото кое ме приближува до него, и од Тебе барам секоја одредба (судбина) што си ми ја одредил да биде добра).
Автентичен Го бележат Ибн Маџе и Ахмед
„Нека биде понижен човекот кому ќе му биде спомнато моето име, и нема да испрати салават врз мене. Нека биде понижен човекот што ќе го дочека месецот рамазан, и нема да му биде простено до неговиот крај. И нека биде понижен човекот чии родители ќе ја доживеат староста кај него, а тој преку нив нема да го заслужи Џенетот.“
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ахмед
„Перото е подигнато (не запишува) за тројца: за оној што спие сè додека не се разбуди, за детето сè додека не достигне зрелост и за лудиот сè додека не се освести.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи во „Кубра“, Ибн Маџе и Ахмед
„Нема да се случи двајца муслимани да се сретнат и да се ракуваат, а да не им бидат простени гревовите пред да се разделат.“
Автентичен поради збирот на неговите синџири на пренесување Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Тој не беше непристоен, ниту груб во говорот; не викаше по пазарите, не враќаше зло со зло – туку простуваше и преминуваше преку направената грашка.“
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ахмед
„Аллах нека го осветли лицето на оној што ќе чуе нешто од нас, па тоа го пренесе онака како што го слушнал. Можеби оној кому му го пренел – подобро ќе го разбере од оној што го чул.“
Автентичен Го бележат Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Ако вистински се потпрете врз Аллах, Тој би ве снабдил како што ги снабдува птиците, наутро одлетуваат гладни а навечер долетуваат сити.“
Автентичен Го бележат Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Плашете се од Аллах, вашиот Господар! Клањајте ги петте намази, постете го вашиот месец, давајте зекат од имотот и слушајте ги вашите претпоставени, ќе влезете во Џенетот на вашиот Господар.“
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ахмед