Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

31 од 841 картички

Исчисти филтри
Еден човек дојде кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и рече: „Ес-Селаму алејкум.“ Тој му одговори на селамот, човекот седна, па Пратеникот рече: „Десет (награди).“ Потоа дојде друг човек и рече: „Ес-Селаму алејкум ве рахметуллах.“ Пратеникот му возврати на селамот, и тој седна, па Пратеникот рече: „Дваесет (награди).“ Потоа дојде трет човек и рече: „Ес-Селаму алејкум ве рахметуллах ве берекатуху.“ Пратеникот му возврати на селамот, па и тој седна. Пратеникот рече: „Триесет (награди).“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ахмед и Дарими
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, видел човек како клања сам зад сафот и му наредил да го повтори намазот.
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Асхабите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кои нè подучуваа на Куранот, ни кажуваа дека кога ќе научеле десет ајети од Пратеникот, не продолжувале со следните десет додека не ги разберат и применат знаењата и делата содржани во тие ајети. Велеа: ,На тој начин ја научивме и теоријата и праксата.'“
Добар Го бележи Ахмед
„Сè што опива во голема количина – забрането е и во мала количина.“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
Дека еден човек дошол кај Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, разговарале за нешто, па потоа тој човек му рекол: „,(Ќе биде тоа) што Аллах го сака и што го сакаш ти.‘, па Пратеникот, алејхи селам, му рекол: ,Дали ме поистовети со Аллах? Кажи: Тоа што го сака Аллах Единиот.“
Синџирот на пренесувачи е добар رواه ابن ماجه والنسائي في الكبرى وأحمد
„Реков: ,О, Аллахов пратенику, кому треба најмногу да му укажам добрина?‘ Тој одговори: ,На мајка ти, па на мајка ти, па на мајка ти, па на татко ти, а потоа на оние што се најблиски – според роднинската блискост.‘“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ахмед
„Човекот е на верата на својот пријател, затоа, секој од вас, нека внимава со кого се дружи.“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ахмед
„,Најмногу се плашам за вас од малиот ширк?‘. Присутните прашаа: ,А што е тоа мал ширк, о, Аллахов пратенику?‘ Тој одговори: ,Преправањето!, на Судниот ден, кога ќе им суди на луѓето според нивните дела, Возвишениот Аллах ќе им рече: Одете кај оние за кои се преправавте и видете дали ќе ви дадат некаква награда.‘“
Добар Го бележи Ахмед