Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

13 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Се колнам во Оној, во чии раце е мојата душа, Иса, синот на Мерјем, само што не се спуштил како праведен владетел. Тој ќе го скрши крстот, ќе ја убие свињата и ќе ја поништи џизјата, тогаш ќе се зголеми имотот до таа мерка што никој нема да го прими (како милостина).“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Муслиманот, кога ќе биде прашан во гробот, ќе посведочи дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Божјиот пратеник.“ Потоа го цитираше ајетот: ,,Аллах со постојани зборови верниците ги зацврстува и на овој и на оној свет." (Ибрахим, 27)
Автентичен Муттефекун алејхи
„Судниот ден нема да настапи сè додека времето не се приближи така што годината ќе помине како месец, месецот ќе помине како недела, неделата како ден, денот како час, а еден час ќе изгледа колку време потребно да се запали лист од палма.“
Автентичен Го бележи Ахмед
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, спомена нешто и рече: „Тоа ќе се случи кога знаењето ќе исчезне.“ Јас реков: „О, Божји Пратенику, како може знаењето да исчезне кога го читаме Куранот и ги учиме нашите деца, а нашите деца ќе ги учат своите деца, сè до Судниот ден?“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: „Тешко тебе, Зијад! Сметав дека си еден од најразумните луѓе во Медина. Зарем не гледаш дека евреите и христијаните го читаат Тевратот и Инџилот, а не постапуваат според ништо од тоа што е напишано во нив?!“
Автентичен поради другу преданија што го поткрепуваат Го бележи Ибн Маџе
„Кога ќе се постави џеназата (врз носилката) и кога луѓето ќе ја подигнат на своите раменици, ако покојникот бил добар, ќе рече: ,Поведете ме напред!‘ А ако бил лош, ќе рече: ,Тешко мене, каде ме носите?‘ Неговиот глас го слушаат сите – освен луѓето. А кога тие би можеле да го чујат, би паднале во несвест од страв.“
Автентичен Го бележи Бухари