Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

8 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Еден ден, Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, стана во толпата и ни одржа говор заради кој срцата ни затреперија а очите ни се насолзија, па рековме: ,О, Пратенику, ова како да е проштален говор, затоа остави ни аманет.‘ Тој рече: ,Плашете се од Семоќниот Аллах и бидете им покорни и послушни на важите водачи, дури тој да е и некој абисински роб. После мене ќе видите големи несогласувања, затоа, држете се до мојата традиција и традицијата на хулефаи рашидин – праведните и упатените халифи, загризете ја таа традиција со катниците и од ново-воведените работи во верата, бидејќи секоја измислена работа води кон заблуда.‘“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Јас запишував сѐ што ќе слушнев од Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, со цел да го запомнам. Но, Курејшиите ме спречија и ми рекоа: ,Зар запишуваш сѐ што слушаш од Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, а тој е човек кој зборува и кога е лут и кога е задоволен?‘ Поради тоа престанав да пишувам, па му го спомнав тоа на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, а тој со прстот покажа кон својата уста и рече: ,Запишувај! Се колнам во Оној во чија Рака е мојата душа, од оваа (устата моја) не излегува ништо освен вистина.‘“
Автентичен Го бележи Ебу Давуд
„Можеби ќе дојде време кога некој ќе слушне за мојот хадис додека лежи на својата софа и ќе каже: ,Меѓу нас и вас е Аллаховата Книга. Што ќе најдеме во неа дека е дозволено, ќе го сметаме за дозволено, а што ќе најдеме дека е забрането, ќе го сметаме за забрането.’ Навистина, она што го забранил Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, е еднакво како и она кое го забранил Аллах.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ибн Маџе
„Кој ќе пренесе од мене хадис за кој се гледа дека е лага, и тој е еден од лажливците.“
Автентичен Го бележи Муслим во воведот на неговата збирка
,Ве советувам со богобојазливост кон Аллах, и со слушање и покорување, дури и ако со вас владее роб. Навистина, оној што ќе живее од вас по мене, ќе види многу разидувања. Затоа држете се за мојот Сунет и за Сунетот на праведните, упатени халифи – цврсто држете се за нив со забите. И пазете се од новотариите, затоа што секоја новотарија е заблуда.‘“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд и Тирмизи
„Кон крајот на времето на мојот умет ќе има луѓе кои ќе ви пренесуваат зборови што ниту вие, ниту вашите татковци ги имате чуено. Па пазете се од нив и од нивните зборови!“
Автентичен Го бележи Муслим
„Кој намерно ќе излаже за мене нешто, нега си го подготви местото во Огнот.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Пренесете од мене па дури и еден ајет, и раскажувајте за синовите Израилови, нема пречка. А кој намерно ќе излаже за мене, нека си го подготви своето место во Огнот.“
Автентичен Го бележи Бухари