Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

4 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

Пратеникот ﷺ изговарал текбир (Аллаху Екбер) во секој намаз — било задолжителен или доброволен, во рамазан и надвор од него. Велеше „Аллаху Екбер“ кога ќе станеше за намаз, потоа „Аллаху Екбер“ кога ќе се поклонуваше (на руку), потоа велеше: „Сами‘а-ллаху лимен хамидех“ (Аллах го слуша оној што Го фали), па: „Раббенаа ве лекел-хамд“ (Господару наш, Тебе Ти припаѓа пофалбата) — пред да падне ничкум на сеџда. Потоа велеше „Аллаху Екбер“ кога ќе се наведнеше за сеџда, потоа „Аллаху Екбер“ кога ќе ја подигнеше главата од сеџда, па повторно „Аллаху Екбар“ кога ќе отидеше на втора сеџда, и пак „Аллаху Екбер“ кога ќе се застанеше на нозе по неа. Исто така, велеше „Аллаху Екбер“ кога ќе станеше од седењето по вториот рекат. Тоа го правеше во секој рекат, сè додека не го завршеше намазот. А потоа, откако ќе завршеше, велеше: „И се колнам во Оној во Чија рака е мојата душа, навистина јас сум најсличен во својот намаз на намазот на Пратеникот ﷺ. Ваков беше неговиот намаз сè додека не замина од овој свет.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, еднаш влегол во џамијата. По него влегол еден човек, клањал, а потоа дошол и го поздравил со селам Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Пратеникот му возвратил на селамот и му рекол: „Врати се и клањај – затоа што не клањаше како што треба.“ Човекот се вратил и повторно клањал на ист начин, па повторно дошол и го поздравил со селам. Пратеникот повторно му рекол: „Врати се и клањај – затоа што не клањаше како што треба.“ Тоа му го повторил трипати. Тогаш човекот рекол: „Се колнам во Оној Кој те пратил со вистината – не знам подобро од ова. Научи ме!“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му рече: „Кога ќе станеш за намаз – изговори текбир. Потоа цитирај од Куранот она што ти е олеснето (што не ти предизвикува потешкотија). Потоа оди на руку – сè додека не се смириш на руку. Потоа исправи се – сè додека не застанеш целосно исправено. Потоа падни на сеџда – сè додека не се смириш на сеџда. Потоа стани од сеџда и седни – сè додека не се смириш во таа положба. Потоа направи го тоа во текот на целиот намаз.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на двата реката на сабахскиот сунет ги рецитирал сурите „Кул ја ејјухел кафирун“ на првиот рекат и „Кул хуваллаху ехад“ на вториот.
Автентичен Го бележи Муслим
,Најлошиот човек кој краде е оној што го краде својот намаз.‘ Му беше речено: ,А како го краде својот намаз?‘ Рече: ,Не го извршува целосно неговиот руку и неговата сеџда.‘“
Автентичен Го бележи Ибн Хибан