Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

20 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Кога некој од вас ќе се разбуди од сон, нека го исчисти носот трипати, затоа што шејтанот ја минува ноќта на неговите ноздри.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Чистотата е половина од верувањето. Зборот „елхамдулиллах“ ја исполнува вагата, а зборовите „субханаллах“ и „елхамдулиллах“ го исполнуваат просторот помеѓу небесата и Земјата. Намазот е светлина, милосрдието (садаката) е доказ, трпението е сјај, а Куранот е доказ за тебе или против тебе. Секој човек поранува и тргува со својата душа, па или ќе ја ослободи или ќе ја уништи.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Се враќавме со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, од Мека кон Медина. На патот, кога пристигнавме до место со вода, некои луѓе побрзаа во времето на икиндија да земат абдест набрзина. Кога стигнавме кај нив, забележавме дека задниот дел од нивните пети останал сув, бидејќи водата не ги допрела. Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Тешко на петите од огнот! Земајте го абдестот потполно!‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
Од Хумран, слугата на Осман бин Афан, се пренесува дека тој видел како Осман бин Афан побарал вода за абдест. Тој истурил вода од садот по рацете и ги измил трипати. Потоа ја внел својата десна рака во садот, па ја исплакнал устата, вшмукал вода во носот и ја издувал. Потоа го измил своето лице трипати, рацете до лактите трипати, потоа (со влажни раце) ја поминал својата глава , а потоа ја измил секоја нога по трипати, па рече: „Го видов Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како зема абдест на овој начин, и рече: ,Кој ќе земе абдест како мојот абдест, а потоа ќе клања два реката, не размислувајќи за ништо друго за време на нив, Аллах ќе му ги прости неговите претходни гревови.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кога муслиманот или верникот зема абдест и го мие своето лице, сите гревови што ги гледал со очите паѓаат заедно со водата или со последната капка вода. Кога ги мие своите раце, сите гревови што ги направил со рацете паѓаат заедно со водата или со последната капка вода. Кога ги мие своите нозе, сите гревови што ги направил одејќи на нив паѓаат заедно со водата или со последната капка вода, така што останува потполно чист од гревови.“
Автентичен Го бележи Муслим
Верознесникот, салаллаху алејхи ве селем, се капел со количина вода од еден са‘а до пет мудови, а земал абдест со количина од еден муд.
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој на најубав можен начин ќе земе абдест, гревовите ќе го напуштат неговото тело, па дури ќе излезат и тие под ноктите.“
Автентичен Го бележи Муслим
Некој човек земал абдест и не си ја измил ногата колку површината на ноктот. Пратеникот го набљудувал и му рекол: „Врати се назад и убаво земи абдест.“, па тој го повторил абдестот, а потоа клањал.
Автентичен со верзиите кои го поткрепуваат Го бележи Муслим