Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

23 од 841 картички

Исчисти филтри
„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, испратил воена единица и поставил за водач еден човек од енсариите, наредувајќи им на другите да му бидат послушни. Еднаш тој се разгневил и им рекол: ,Зарем Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, не ви нареди да ми бидете послушни?’ Тие рекоа: ,Да.’ Тогаш им нареди: ,Соберете дрва!’ – и тие собраа. Потоа рече: ,Запалете оган!’ – и запалија. Потоа рече: ,Влезете во него!’ Тие намислија да влезат, но едни почнаа да ги задржуваат другите, велејќи: ,Ние му прибегнавме на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, токму бегајќи од огнот.’ Така останаа додека огнот не изгасна, а неговиот гнев се смири. Кога веста стигна до Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, тој рече: ,Ако влезеа во него, немаше да излезат сè до Денот на оживувањето. Послушноста е доброто.'“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, преферираше да започнува со десната страна при обувањето обувки, чешлањето, земањето абдест и во сите свои постапки.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, им пишувал на Кисра, на Кајсер, на Неџаши и на сите владетели – повикувајќи ги кон Севишниот Аллах. Тој Неџаши не бил истиот на кого Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му клањаше џеназе намазот.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Семејството на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, не јадеше два оброка во еден ден, а едниот од тие два да не беа урми.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„,Утре ќе му го дадам знамето на човек преку кого Аллах ќе даде победа. Тој го сака Аллах и Неговиот пратеник, и Аллах и Неговиот пратеник го сакаат него. Сехл рече: ,Луѓето ја поминаа ноќта во исчекување, прашувајќи се кој ќе го добие знамето. Кога осамна, сите се упатија кон Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, надевајќи се дека ќе им го даде знамето. Но тој праша: Каде е Али бин Ебу Талиб?‘ Му одговорија: ,О Божји пратенику, тој се жали на болки во очите.‘ Тогаш рече: ,Повикајте го.‘ Али беше доведен пред него, па Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, плукна во неговите очи и упати дова за него. Болката исчезна, како никогаш да не ја имал. Потоа му го предаде знамето. Али рече: ,О Божји пратенику, дали да се борам со нив додека не станат исти како нас?‘ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му одговори: ,Однесувај се смирено додека не стигнеш на нивната територија. Потоа повикај ги во исламот и објасни им ги нивните обврски кон Аллах. Затоа што, се колнам во Аллах дека, ако Аллах преку тебе упати еден човек, тоа е подобро за тебе од поседувањето на црвените камили.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Постелата на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше од кожа, и беше наполнета со палмини влакна.“ А кај Муслим се пренесува: „Перницата на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на која се потпираше, беше од кожа, и беше наполнета со палмини влакна.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Аллаховиот пратеник, алејхи селам, имаше најубав карактер.“
Автентичен Муттефекун алејхи