Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

19 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, откако ќе го клањаше сабахскиот намаз, остануваше на своето место сè додека сонцето убаво не изгрееше. Тој не стануваше од местото каде што го клањаше сабахот сè додека не изгрееше сонцето. А кога сонцето ќе изгрееше, стануваше. Асхабите разговараа и спомнуваа нешта од времето на џахилиетот, па се смееја, а тој се насмевнуваше заедно со нив.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Аллаху мој, јас сум само човек. Па ако некого од муслиманите го навредив, или го проколнав, или го казнив – направи тоа за него да биде прочистување и милост.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„,Мајко на правоверниците, кажи ми нешто за моралот на Аллаховиот Пратеник, алејхи селам.‘, Таа рече: ,Зарем не го читаш Куранот?‘ „Го читам.‘, одговори тој ,Неговиот морал беше Куранот.“, одговори таа.
Автентичен Го бележи Муслим како дел од подолг хадис
„Семејството на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, од неговото доаѓање во Медина па сè до неговата смрт – никогаш не се засити со храна од пченица три дена последователно.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, испратил воена единица и поставил за водач еден човек од енсариите, наредувајќи им на другите да му бидат послушни. Еднаш тој се разгневил и им рекол: ,Зарем Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, не ви нареди да ми бидете послушни?’ Тие рекоа: ,Да.’ Тогаш им нареди: ,Соберете дрва!’ – и тие собраа. Потоа рече: ,Запалете оган!’ – и запалија. Потоа рече: ,Влезете во него!’ Тие намислија да влезат, но едни почнаа да ги задржуваат другите, велејќи: ,Ние му прибегнавме на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, токму бегајќи од огнот.’ Така останаа додека огнот не изгасна, а неговиот гнев се смири. Кога веста стигна до Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, тој рече: ,Ако влезеа во него, немаше да излезат сè до Денот на оживувањето. Послушноста е доброто.'“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, преферираше да започнува со десната страна при обувањето обувки, чешлањето, земањето абдест и во сите свои постапки.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, им пишувал на Кисра, на Кајсер, на Неџаши и на сите владетели – повикувајќи ги кон Севишниот Аллах. Тој Неџаши не бил истиот на кого Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му клањаше џеназе намазот.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Семејството на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, не јадеше два оброка во еден ден, а едниот од тие два да не беа урми.“
Автентичен Муттефекун алејхи