Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

12 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

Аллаховиот Пратеник ﷺ им одржал хутба на луѓето на денот на освојувањето на Мека и рекол: „О, луѓе, навистина Аллах ја отстрани од вас горделивоста и надменоста на џахилиетот и вашето фалење со потеклото и предците. Па луѓето се делат на два вида: побожни и богобојазливи – тие се чесни и драги кај Аллах, и грешници и несреќни – тие се безвредни кај Аллах. Сите луѓе се деца на Адем, а Аллах го создаде Адем од земја. Аллах вели: „О луѓе! Ние ве создадовме од маж и жена и ве поделивме на народи и племиња за да се запознавате меѓу себе. Најугледниот меѓу вас кај Аллах е оној кој е најбогобојазлив. Аллах, навистина, сѐ знае и Известен е за сѐ.“ (Ел-Хуџурат, 13)
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ибн Хибан
„Пренесете од мене па дури и еден ајет, и раскажувајте за синовите Израилови, нема пречка. А кој намерно ќе излаже за мене, нека си го подготви своето место во Огнот.“
Автентичен Го бележи Бухари
„Додека седевме со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во џамијата, влезе човек на камила, ја врза и праша: ,Кој од вас е Мухамед?' Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, седеше потпрен меѓу нас, и рековме: ,Овој, белиот човек кој седи потпрен.' Човекот му рече: ,О, сине на Абдул Муталиб.' Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Ти се одзвивам.' Човекот рече: ,Имам прашање за тебе и ќе бидам строг и директен, па не лути се.' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Прашај што сакаш.' Човекот праша: ,Те колнам во твојот Господар и Господарот на тие пред тебе, дали Аллах те испрати до сите луѓе?' Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да.' Човекот продолжи: ,Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да ги извршуваме петте дневни намази?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да, се колнам во Аллах.' Потоа праша: ,Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да го постиме овој месец во годината?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да, се колнам во Аллах.' Потоа праша: ,Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да земеш зекат од богатите и да го поделиш на сиромасите?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да, се колнам во Аллах.' Човекот тогаш рече: ,Верувам во она со што си испратен. Јас сум Димам бин Салебе, испратен од племето Бени Сад бин Бекр.'“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Навистина верата е лесна, и секој што ќе се обиде да претерува во неа, таа ќе го надвладее. Затоа, стремете се кон умереноста и приближете се до неа, радувајте се и помогнетеси себеси во утринските и вечерните часови, како и во дел од ноќта.“
Автентичен Го бележи Бухари