Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

24 од 841 картички

Исчисти филтри
дека Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, бил прашан: „Што најмногу ќе ги однесе луѓето во Џенетот?" „Богобојазливоста и убаво однесување“, одговори тој. „А што најмногу ќе ги одведе луѓето до Огнот?", „Јазикот и половиот орган." одговорил Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.
Добар и автентичен (хасен сахих) Го бележат Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Две групи на луѓе од пеколот не сум ги видел. Луѓе со камшици како опашки на крави со кои ги удираат луѓето и жени облечени, а голи, кои се нишаат при одење, а главите им се како грба на „Бухт“ (долговратна камила). Тие нема да влезат во Џенетот ниту ќе ја почувствуваат неговата миризба, а таа оддалеку се чувствува.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Ми беа прикажани Џенетот и Џехенемот – и никогаш досега не сум видел нешто слично на денешниов ден кога станува збор за доброто и злото. А ако вие го знаете она што јас го знам – малку би се смееле, а многу би плачеле.“ Енес вели: „Немало потежок ден за асхабите на Божјиот пратеник од тој ден. Ги покрија главите и почнаа тивко да липаат.“ Тогаш стана Омер и рече: „Задоволни сме со Аллах како наш Господар, со исламот како наша вера и со Мухамед како наш веровесник.“ Потоа стана еден човек и праша: „Кој е мојот татко?“ – а Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му одговори: „Твојот татко е тој и тој.“ И тогаш беше објавен ајетот: ,,О, верници, не прашувајте за тоа што ќе ви причини непријатност ако ви се објасни." (Ел-Маиде, 101)
Автентичен Муттефекун алејхи
„Возвишениот Аллах вели: ,За Моите добри робови подготвив нешто што ниту око видело, ниту уво чуло, ниту некому некогаш му дошло на ум.‘“ Ебу Хурејре потоа рече: „Ако сакате, цитирајте го ајетот: ,И никој не знае какви, како награда за тоа што го правеле, скриени радости ги очекуваат.‘“ (Ес-Сеџде, 17)
Автентичен Муттефекун алејхи
„Бевме со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога одеднаш се слушна силен звук, како нешто да падна. Тогаш пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Знаете ли што беше тоа?‘ Одговоривме: ,Аллах и Неговиот пратеник најдобро знаат.‘ Тој рече: ,Тоа е камен кој беше фрлен во Џехенемот пред седумдесет години и паѓаше сè до овој момент, кога конечно стигна до неговото дно.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Во Џенетот има дрво под кое коњаник, јавајќи брз и силен коњ сто години, не би можел да ја помине неговата сенка.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој ќе сведочи дека само Аллах е Бог, Кому никој и ништо не му се рамни, и дека Мухамед е Негов роб и Пратеник; дека Иса е Негов роб, Пратеник и Неговиот Збор што ѝ го даде на Мерјем и му вдахна живот; и дека Џенетот е вистина и Џехенемот е вистина. Аллах ќе го воведе во рајот без оглед на делата што ги направил."
Автентичен Муттефекун алејхи
,На Судниот ден ќе биде доведен човек и ќе биде фрлен во Огнот. Неговите црева ќе излезат надвор, и тој ќе се врти околу нив како што магарето се врти околу меленицата. Тогаш жителите на Огнот ќе се соберат околу него и ќе го прашаат: ,О, ти, што ти се случи? Зарем не наредуваше на доброто и не го забрануваше злото?‘ Тој ќе одговори: ,Да, јас наредував на доброто, но не го правев, и го забранував злото, но и самиот го правев.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи