Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

4 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„,О жени, давајте садака/милосрдие, бидејќи ми беше покажано дека повеќето жители на Џехенемот сте вие.‘ Тие го прашаа: ,А зошто, о Божји пратенику?‘ Тој одговори: ,Затоа што многу проколнувате и не сте благодарни на вашите сопрузи. Не сум видел никого со помал разум и вера кој би можел да му го одземе разборот на разумен маж повеќе од една од вас.‘ Тие прашаа: ,Во што се состои нашиот недостаток во разумот и верата, о Божји пратенику?‘ Тој рече: ,Не ли сведоштвото на жената е половина од сведоштвото на мажот?‘ Тие одговорија: ,Да.‘ Тој рече: ,Тоа е поради намалувањето на нејзиниот разум. И не ли кога има менструација, не клања и не пости?‘ Тие одговорија: ,Да.‘ Тој рече: ,Тоа е поради намалувањето на нејзината вера.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Возвишениот Аллах ќе им рече на жителите на Џенетот: ,О, жители на Џенетот!‘ Тие ќе одговорат: ,Ти се одѕиваме, Господару наш!‘ Потоа Аллах ќе праша: ,Дали сте задоволни?‘ Тие ќе речат: ,Како да не бидеме задоволни кога ни го даде она што не си му го дал на ниту едно од твоите созданија?‘ Тогаш Аллах ќе рече: ,Ќе ви дадам нешто уште повредно од тоа.‘ Тие ќе прашаат: ,Господару наш, а што е повредно од тоа?‘ Аллах ќе одговори: ,Ќе го спуштам Моето задоволство врз вас, и потоа никогаш нема да се налутам на вас.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Смртта ќе биде доведена во форма на црно-бел овен, па гласникот ќе повика: ,О жители на Џенетот', и тие ќе ги подигнат своите глави и ќе погледнат, па гласникот ќе праша: ,Го препознавате ли ова?' Тие ќе речат: ,Да, ова е смртта,' и сите ќе ја видат. Потоа гласникот ќе повика: ,О жители на Огнот,' и тие ќе ги подигнат своите глави и ќе погледнат, па гласникот ќе праша: ,Го препознавате ли ова?' Тие ќе речат: „Да, ова е смртта,“ и сите ќе ја видат. Смртта ќе биде заклана, и гласникот ќе рече: ,О жители на Џенетот, ви претстои вечноста без смрт, и о жители на Огнот, ви претстои вечноста без смрт.'" Потоа Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го рецитира ајетот: „И предупреди ги со Денот на тагата, кога со полагањето на сметката ќе биде завршено, а тие се во немар и тие не веруваат.“ (Мерјем, 39)
Автентичен Муттефекун алејхи
„Во Џенетот има дрво под кое коњаник, јавајќи брз и силен коњ сто години, не би можел да ја помине неговата сенка.“
Автентичен Муттефекун алејхи