Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

15 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„,О жени, давајте садака/милосрдие, бидејќи ми беше покажано дека повеќето жители на Џехенемот сте вие.‘ Тие го прашаа: ,А зошто, о Божји пратенику?‘ Тој одговори: ,Затоа што многу проколнувате и не сте благодарни на вашите сопрузи. Не сум видел никого со помал разум и вера кој би можел да му го одземе разборот на разумен маж повеќе од една од вас.‘ Тие прашаа: ,Во што се состои нашиот недостаток во разумот и верата, о Божји пратенику?‘ Тој рече: ,Не ли сведоштвото на жената е половина од сведоштвото на мажот?‘ Тие одговорија: ,Да.‘ Тој рече: ,Тоа е поради намалувањето на нејзиниот разум. И не ли кога има менструација, не клања и не пости?‘ Тие одговорија: ,Да.‘ Тој рече: ,Тоа е поради намалувањето на нејзината вера.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Најлесната казна во Џехенемот ќе ја има оној што ќе носи чевли со ремчиња од оган, од кои неговиот мозок ќе врие како што врие казанот. Тој ќе мисли дека никој не е во потешка казна од него, а всушност, неговата казна ќе биде најлесна од сите.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Вашиот овосветски оган е еден дел од седумдесетте делови на џехенемскиот оган.“ Некој рекол: „О, Божји пратенику, и силината на овосветскиот оган, би била доволна како казна.“ Тој одговорил: „Џехенемскиот оган е посилен од овосветскиот за шеесет и девет делови, а секој дел е како овоземниот оган."
Автентичен Муттефекун алејхи
„Возвишениот Аллах ќе им рече на жителите на Џенетот: ,О, жители на Џенетот!‘ Тие ќе одговорат: ,Ти се одѕиваме, Господару наш!‘ Потоа Аллах ќе праша: ,Дали сте задоволни?‘ Тие ќе речат: ,Како да не бидеме задоволни кога ни го даде она што не си му го дал на ниту едно од твоите созданија?‘ Тогаш Аллах ќе рече: ,Ќе ви дадам нешто уште повредно од тоа.‘ Тие ќе прашаат: ,Господару наш, а што е повредно од тоа?‘ Аллах ќе одговори: ,Ќе го спуштам Моето задоволство врз вас, и потоа никогаш нема да се налутам на вас.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Првата група што ќе влезе во Џенетот ќе бидат со лица светли како полна месечина. А оние што ќе дојдат по нив – ќе светат како најсјајната ѕвезда на небото. Тие нема да вршат ниту мала ниту голема нужда, нема да плукаат, ниту пак ќе имаат секреции од нос за да ги исфрлат. Чешлите ќе им бидат од злато, потта ќе им мириса на миск, а кадилниците ќе користат за нив најфино ало-дрво (анџуџ). Сопруги ќе им бидат хурии со крупни и убави очи. Сите ќе бидат со ист облик – според големината на нивниот татко Адем, високи шеесет лакти.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Џехенемот е опкружен со страсти, а Џенетот е опкружен со потешкотии.“
Автентичен Го бележи Бухари
„Навистина, верникот во Џенетот ќе има шатор од една шуплива бисерна школка, долг шеесет милји. Во него ќе има свои семејства, и тој ќе ги посетува, а едните со другите нема да се гледаат.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Џенетот е поблиску до вас од врвката на вашата сандала, а исто така и Огнот.“
Автентичен Го бележи Бухари