Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

14 од 841 картички

Исчисти филтри
,,Кој имитира еден народ, тој е еден од нив."
Добар Го бележат Ебу Давуд и Ахмед
„Најлоши луѓе се тие што ќе бидат живи кога ќе настапи Судниот ден и тие кои гробовите ги претвораат во џамии.“
Добар Го бележи Ахмед
Кога беше објавен ајетот: „Потоа, навистина, ќе бидете прашани тој Ден за благодатите.“ (Сура Ет-Текасур, 8), Ез-Зубејр, радијаллаху анху, рекол: — „,О, Аллахов Пратенику, за кои благодати ќе бидеме прашани, кога ние ги имаме само (двете црни нешта) — урми и вода?‘ Тој ﷺ одговорил: — ,Навистина, тоа (прашувањето) сигурно ќе се случи.‘“
Добар Го бележат Тирмизи и Ибн Маџе
„Кој наштетува Аллах ќе му наштети, кој отежнува Аллах ќе му отежни.“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Група луѓе дошле кај Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, и тој ја прифатил заклетвата од девет, но не сакал да ја прифати од еднен од нив. ,Аллахов пратенику, ти ја прифати заклетвата од деветмина, а не ја прифати од еден од нив?‘ тој им рече: ,Тој носи амајлија.‘ Човекот потоа ја откина и ја фрли, па Пратеникот ја прифати заклетвата и од него. Пратеникот тогаш рекол: ,Кој ќе стави амајлија, направил ширк.‘“
Добар Го бележи Ахмед
„Искушенијата нема да престанат да го снаоѓаат верникот и верничката – во нив самите, во нивните деца и во нивниот имот – сè додека не го сретнат Аллах, без ниту еден грев.“
Добар Го бележат Тирмизи и Ахмед