Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

6 од 841 картички

Исчисти филтри
„Кога Аллах го создаде Џенетот и Огнот, го испрати Џибрил, алејхи селам, до Џенетот и му рече: ,Погледни го и види што подготвив за неговите жители.’ Џибрил погледна и се врати и рече: ,Се колнам во Твоето достоинство, никој нема да слушне за него а да не влезе во него.’ Потоа Аллах го опкружи Џенетот со потешкотии и рече: ,Оди и погледни го повторно и види што подготвив за неговите жители.’ Џибрил погледна и виде дека е опкружен со потешкотии и рече: ,Се колнам во Твоето достоинство, се плашам дека никој нема да влезе во него.’ Потоа Аллах рече: ,Оди и погледни го Огнот и види што подготвив за неговите жители.’ Џибрил погледна и виде дека се натрупува еден врз друг и се врати и рече: ,Се колнам во Твоето достоинство, никој нема да влезе во него.’ Потоа Аллах го опкружи Огнот со страсти и рече: ,Оди и погледни го повторно.’ Џибрил погледна и виде дека е опкружен со страсти и се врати и рече: ,Се колнам во Твоето достоинство, се плашам дека никој нема да се спаси од него.’“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, и Несаи
Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Возвишениот Аллах рекол: О сине Адемов, сè додека Ми се обраќаш со дова и се надеваш во Мене, ќе ти простам, без разлика на твоите гревови, и тоа не Ми претставува тешкотија. О сине Адемов, доколку твоите гревови достигнат до небесата, а потоа побараш прошка од Мене, ќе ти простам, и тоа не Ми претставува тешкотија. О сине Адемов, ако дојдеш кај Мене со гревови колку што е Земјата, но не Ми припишуваш здруженици, ќе ти дојдам со исто толкава прошка."
Добар Го бележи Тирмизи
„Човекот е на верата на својот пријател, затоа, секој од вас, нека внимава со кого се дружи.“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ахмед
Кога беше објавен ајетот: „Потоа, навистина, ќе бидете прашани тој Ден за благодатите.“ (Сура Ет-Текасур, 8), Ез-Зубејр, радијаллаху анху, рекол: — „,О, Аллахов Пратенику, за кои благодати ќе бидеме прашани, кога ние ги имаме само (двете црни нешта) — урми и вода?‘ Тој ﷺ одговорил: — ,Навистина, тоа (прашувањето) сигурно ќе се случи.‘“
Добар Го бележат Тирмизи и Ибн Маџе
„Кој наштетува Аллах ќе му наштети, кој отежнува Аллах ќе му отежни.“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Искушенијата нема да престанат да го снаоѓаат верникот и верничката – во нив самите, во нивните деца и во нивниот имот – сè додека не го сретнат Аллах, без ниту еден грев.“
Добар Го бележат Тирмизи и Ахмед