Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

20 од 841 картички

Исчисти филтри
„Кој ќе се заколне во аманетот (поверливоста) тој не е од нас.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд и Ахмед
„Еден ден, Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, стана во толпата и ни одржа говор заради кој срцата ни затреперија а очите ни се насолзија, па рековме: ,О, Пратенику, ова како да е проштален говор, затоа остави ни аманет.‘ Тој рече: ,Плашете се од Семоќниот Аллах и бидете им покорни и послушни на важите водачи, дури тој да е и некој абисински роб. После мене ќе видите големи несогласувања, затоа, држете се до мојата традиција и традицијата на хулефаи рашидин – праведните и упатените халифи, загризете ја таа традиција со катниците и од ново-воведените работи во верата, бидејќи секоја измислена работа води кон заблуда.‘“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Бев во делегацијата на племето Бани Амир што отиде кај Аллаховиот пратеник, алејхи селам. Му рековме: ,Ти си нашиот господар!‘, а тој рече: ,Господарoт е Аллах.‘ ,Tи си највредниот и најплеменитиот меѓу нас.‘ Тој рече: ,Кажeте како што кажавте или дел од тоа, но немој шејтанот да ве одведе во заблуда.‘“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд и Ахмед
„Кој ќе го одложи рокот на враќањето на долгот на должникот или во потполност се откаже од побарување на долгот, Возвишениот Аллах ќе го стави во сенката на Својот Арш на Судниот ден, на денот кога друга ладовина нема да има."
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ахмед
„Аллаху мој, не дозволувај мојот гроб да стане идол за обожување! Аллаховото проклетство нека биде врз оние кои ги претвораат гробовите на своите пратеници во џамии!“
Автентичен Го бележи Ахмед
„Кога Аллаховиот пратеник тргнал на поход кон Хунејн, поминал покрај дрвото на многубошците наречено Зату-енват, на кое тие го бесеа нивното оружје. Тогаш асхабите му рекоа на Пратеникот: ,О, Аллахов Пратенику, дај ни да имаме и ние Зату-енват како што тие имаат Зату-енват.“, тогаш Пратеникот рече: ,Субханаллах (славен нека е Аллах). Ова е како што му рече народот на Муса: ,Направи ни и ти нам божество како што и тие имаат божества.‘ (Ел Араф, 138) Се колнам во Оној во чии раце е мојата душа навистина ќе ги следите примерите на оние што беа пред вас.“
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ахмед
„Немој да велите: ,Тоа што го сака Аллах и го сака тој и тој‘, туку кажете: ,Тоа што го сака Аллах, па потоа тоа што го сака тој и тој.‘“
Автентичен поради збирот на неговите синџири на пренесување Го бележат Ебу Давуд, Несаи во ,,Кубра“ и Ахмед
„Кој ќе Го сретне Аллах без да Му припишува здруженик – гревовите нема да му наштетат. А кој ќе умре припишувајќи Му здруженик – добрите дела нема да му користат.“
Автентичен Го бележи Ахмед