Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

7 од 841 картички

Исчисти филтри
„Не иницирајте поздрав со селам на евреите или христијаните. Ако сретнете некој од нив на патот, принудете ги кон потесниот дел.“.
Автентичен Го бележи Муслим
„Тој што јава ќе го поселами тој што пешачи, пешакот ќе го поселами тој што седи, а помалата група ќе ја поселами поголемата.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Не му е дозволено на човекот да не зборува со својот брат повеќе од три дена, се сретнуваат и еден на друг му го вртат грбот. Подобар е тој што прв ќе се поздрави со селам.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кога некој од вас ќе го сретне својот брат, нека го поздрави, и ако меѓу нив се испречи дрво, ѕид или камен и пак го сретне, повторно нека го поздрави.“
Автентичен Го бележи Ебу Давуд
„Некој човек го прашал Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: ,Кој е најдобриот ислам?‘, Тој одговорил: ,Да го нахраниш и да го поздравиш со селам и оној што го познаваш и оној што не го познаваш.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Нема да се случи двајца муслимани да се сретнат и да се ракуваат, а да не им бидат простени гревовите пред да се разделат.“
Автентичен поради збирот на неговите синџири на пренесување Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Обврските на муслиманот кон другиот муслиман се пет на број: да му го возврати на селамот, да го посети болниот, да го следи џеназето, да му се одзвие на поканата и да му посака сомилост од Бог на оној што ќе кивне.“
Автентичен Муттефекун алејхи