Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

43 од 841 картички

Исчисти филтри
„Никој од вас нема да биде вистински верник сè додека не му го посакува на својот брат она што го посакува за себе.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Секој кој ќе ги сокрие недостатоците на друг роб во овој свет, Аллах ќе ги сокрие неговите на Судниот ден.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Имаше еден човек кој им даваше заеми на луѓето и му велеше на својот слуга: ,Ако наидеш на некој што е во тешка ситуација, прости му го долгот, можеби Аллах ќе ни прости нам.’ Па кога го сретна Аллах (умре), Аллах му прости.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Аллах го сака Својот богобојазлив роб, кој е богат и скришум прави добри дела.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Нахранете го гладниот, посетете го болниот и ослободете го заробениот.“
Автентичен Го бележи Бухари
„Возвишениот Аллах наредил доброчинство и убаво однесување во секоја работа. Па и кога убивате, направете го тоа на лесен начин, а кога колете животно направете го тоа што полесно. Секој од вас нека го наоштри ножот за да не го измачува животното."
Автентичен Го бележи Муслим
„Кој нема милост кон луѓето и Аллах нема да има милост кон него.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Не потценувај ниедно добро дело, па дури и тоа да го пресретнеш братот муслиман со насмевка на лицето."
Автентичен Го бележи Муслим