Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

110 од 841 картички

Исчисти филтри

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (48)
„Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не остави по својата смрт ни дирхем, ни динар, ни роб, ни робинка, ниту што било друго – освен неговото бело магаре, негово оружје и една нива што ја одреди како садака.“
Автентичен Го бележи Бухари
„Го видов Амар бин Јасир како влезе во џамија и клањаше намаз – но го скрати. Кога излезе, му пријдов и му реков: ,О, Ебу Јакзан, го скрати намазот!‘ Тој одговори: ,Дали забележа дека нешто изоставив од неговите прописи?‘ Реков: ,Не.‘ Тој рече: ,Тогаш, само брзав за да го одбијам заборавот кој доаѓа од шејтанот. Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: Навистина, човекот клања намаз, но од него му се запишува само десетина, деветина, осмина, седмина, шестина, петина, четвртина, третина или половина.‘“
Добар Го бележи Ахмед
„Чудна е состојбата на верникот; тој секогаш е во добро и само верникот може да биде во таква состојба. Ако го снајде некаква радост, тој е благодарен и тоа е добро за него, а ако го снајде некаква тешкотија, тој е трпелив и тоа повторно е добро за него.“
Автентичен Го бележи Муслим
Реков: „,О, Божји пратенику, во што е спасот?‘ Тој одговори: ,Чувај го својот јазик, нека твојот дом ти биде доволен и плачи за своите гревови.‘
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ахмед
„,Нема ниту еден Божји роб кој ќе направи грев, а потоа ќе земе абдест, па ќе клања намаз, а после тоа ќе побара прошка од Аллах, а да не му прости Возвишениот‘ потоа го цитираше куранскиот ајет: ,И за тие кои, кога нешто лошо ќе сторат или себеси насилство ќе си сторат, на Аллах ќе се сетат и прошка за своите гревови молат.‘“ (Али Имран: 135)
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи во „Кубра“, Ибн Маџе и Ахмед
„Го замолив Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и тој ми даде. Потоа повторно го замолив, и пак ми даде. Потоа ми рече: ,О, Хаким, овој имот е зелен и сладок. Кој го земе (она што му следува) со задоволство и без покажување алчност, ќе има бериќет во него. А кој го земе со ненаситност, нема да има бериќет и ќе биде како оној што јаде, но не се заситува. Горната рака е подобра од долната.‘ Јас реков: ,О, Божји пратеник, се колнам во Оној Кој те испрати со вистината, после тебе никогаш нема да побарам ништо од никого, сè додека сум жив.‘ После тоа, Ебу Бекр, Аллах нека е задоволен со него, го повикуваше Хаким за да му даде дел од имотот, но тој одбиваше да земе. Исто така и Омер, Аллах нека е задоволен со него, го повика за да му даде, но и од него одбиваше. Тогаш Омер им рече на муслиманите: ,Јас му го нудам неговиот дел што Аллах му го определил од воениот плен, а тој одбива да го земе.‘ И Хаким, Аллах нека му се смилува, не побара ништо од никого по Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, сè до неговата смрт.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кога бев воздигнат на Мираџ, поминав покрај група луѓе со нокти од бакар, со кои ги гребеа своите лица и гради. Го прашав Џибрил: ,Кои се овие луѓе?‘ Тој ми одговори: ,Тоа се оние што се хранат со месото на луѓето (ги озборуваат) и ја погазуваат нивната чест.‘“
Добар Го бележи Ебу Давуд
„Смртта ќе биде доведена во форма на црно-бел овен, па гласникот ќе повика: ,О жители на Џенетот', и тие ќе ги подигнат своите глави и ќе погледнат, па гласникот ќе праша: ,Го препознавате ли ова?' Тие ќе речат: ,Да, ова е смртта,' и сите ќе ја видат. Потоа гласникот ќе повика: ,О жители на Огнот,' и тие ќе ги подигнат своите глави и ќе погледнат, па гласникот ќе праша: ,Го препознавате ли ова?' Тие ќе речат: „Да, ова е смртта,“ и сите ќе ја видат. Смртта ќе биде заклана, и гласникот ќе рече: ,О жители на Џенетот, ви претстои вечноста без смрт, и о жители на Огнот, ви претстои вечноста без смрт.'" Потоа Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го рецитира ајетот: „И предупреди ги со Денот на тагата, кога со полагањето на сметката ќе биде завршено, а тие се во немар и тие не веруваат.“ (Мерјем, 39)
Автентичен Муттефекун алејхи