Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

110 од 841 картички

Исчисти филтри

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (48)
Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Возвишениот Аллах рекол: О сине Адемов, сè додека Ми се обраќаш со дова и се надеваш во Мене, ќе ти простам, без разлика на твоите гревови, и тоа не Ми претставува тешкотија. О сине Адемов, доколку твоите гревови достигнат до небесата, а потоа побараш прошка од Мене, ќе ти простам, и тоа не Ми претставува тешкотија. О сине Адемов, ако дојдеш кај Мене со гревови колку што е Земјата, но не Ми припишуваш здруженици, ќе ти дојдам со исто толкава прошка."
Добар Го бележи Тирмизи
„Две благодати кои многу луѓе не знаат да ги искористат се: здравјето и слободното време.“
Автентичен Го бележи Бухари
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го цитирал следниот ајет: „Тој ти ја објавува Книгата во која се јасните ајети; тие се темели на Книгата, а останатите се помалку јасни. Тие во чиишто срца е скршнувањето ги следат нејасните ајети тежнеејќи за интриги и сопствено толкување. А толкувањето нивно го знае само Аллах! Тие што се упатени во науката, велат: ,Ние веруваме во нив, сите тие се од Господарот наш!‘ А само разумните сфаќаат!“ (Али Имран, 7) Потоа рече: ,,Ако ги видиш тие што ги следат нејасните ајети, тоа се тие кои Аллах ги споменал, па добро вардете се од нив.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Не добивате победа, ниту ризк – освен поради вашите слаби (слабите меѓу вас).“
Автентичен Го бележи Бухари
„Најлесната казна во Џехенемот ќе ја има оној што ќе носи чевли со ремчиња од оган, од кои неговиот мозок ќе врие како што врие казанот. Тој ќе мисли дека никој не е во потешка казна од него, а всушност, неговата казна ќе биде најлесна од сите.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Нема да настапи Судниот ден сè додека човекот не помине покрај некој гроб и каже: ,Колку ќе бев среќен јас да бев на твоето место.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Чувајте се од потценетите (наизглед мали) гревови, зашто нивниот пример е како група луѓе што застанале во средината на една долина, па секој донел по едно дрвце, додека не собрале доволно за да испечат леб. Навистина, малите гревови – кога човекот ќе биде казнет за нив – можат да го уништат.“
Автентичен Го бележи Ахмед
„Срцето на човекот, дури и кога ќе остари, останува младо во две нешта: во љубовта кон дуњалукот и во долгорочната надеж.“
Автентичен Го бележи Бухари