Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

13 од 841 картички

Исчисти филтри
„Не е дозволено муслиманката да патува патување во должина (колку се поминува за) една ноќ, освен со махрем.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Заколнувањето (при купопродажба) го поттикнува продавањето на стоката, но го уништува бериќетот од добивката.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Еден бедуин дошол кај Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, и му рекол: „,Упати ме на дело со кое ќе влезам во рајот, ако го сторам тоа дело.‘ Пратеникот му одговорил: ,Обожувај го единствено Аллах и не припишувај Му друг, клањај ги пропишаните намази, дај го задолжителниот зекат и пости го месецот рамазан!‘ ,Се колнам во Оној во чија рака е мојата душа, ништо нема да додадам на ова.‘, одговорил човекот. Кога заминал, Аллаховиот Пратеник им рекол на асхабите: ,Кој сака да види човек од жителите на џенетот, нека погледне во овој (бедуин).‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Не иницирајте поздрав со селам на евреите или христијаните. Ако сретнете некој од нив на патот, принудете ги кон потесниот дел.“.
Автентичен Го бележи Муслим
„Возвишениот Аллах вели: ,Ме навредува синот на Адем кога го пцуе времето – а Јас сум Времето: во Мојата рака е управувањето со сите работи; Јас ги сменувам ноќта и денот.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
,,Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога ќе кивнел, ја ставал раката или облеката врз устата и се обидувал да го намали гласот на кивањето."
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ахмед
„Тој што јава ќе го поселами тој што пешачи, пешакот ќе го поселами тој што седи, а помалата група ќе ја поселами поголемата.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Дали знаете што е озборување?“ Рекоа: „Аллах и Неговиот пратеник тоа најдобро го знаат.“ Рече: „Да го спомнеш твојот брат со она што тој го мрази.“ Прашаа: „А доколку тој го има тоа што го спомнуваме?“ „Доколку тоа го има вие тогаш го озборувате а доколку го нема тогаш се работи за клевета“, одговори Аллаховиот пратеник.“
Автентичен Го бележи Муслим