Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

73 од 841 картички

Исчисти филтри
„Семоќниот Аллах му дава рок на неправедникот, но кога ќе го фати нема да може да избега. Потоа, Пратеникот го рецитирал ајетот: ,Ете така Господарот твој казнува кога казнува села и градови кои правеле насилства, Тој ги казнува, навистина, болно и страшно.‘“ [Худ: 102].
Автентичен Муттефекун алејхи
„Секој кој ќе ги сокрие недостатоците на друг роб во овој свет, Аллах ќе ги сокрие неговите на Судниот ден.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Пазете се од неправдата! Навистина неправдата ќе биде темнини на Судниот ден. Пазете се од среброљубието! Навистина среброљубието ги уништи оние пред вас. Таа ги натера да пролеат крв и да си го дозволат она што беше забрането.“
Автентичен Го бележи Муслим
,Дали сакате да ве известам за најголемите гревови?‘ – го повтори ова трипати. Тие (асхабите) рекоа: ,Секако, о Аллахов Пратенику.‘ Рече: ,Да сметаме некого рамен на Аллах (ширк) и непочитувањето на родителите.‘ Потоа седна, а пред тоа беше потпрен, и додаде: ,И лажниот говор.‘ Продолжи да го повторува ова толку многу пати што рековме: Би сакале да престане.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Имаше еден човек кој им даваше заеми на луѓето и му велеше на својот слуга: ,Ако наидеш на некој што е во тешка ситуација, прости му го долгот, можеби Аллах ќе ни прости нам.’ Па кога го сретна Аллах (умре), Аллах му прости.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Мажот да не гледа во интимниот дел од телото на друг маж, а жената да не гледа во интимниот дел од телото на друга жена. Покрај тоа, мажот нема да лежи со друг маж под иста покривка и жена нема да лежи со друга под истата покривка.“
Автентичен Го бележи Муслим
„,Дали знаете кој е вистинскиот муфлис (тој што банкротирал, губитник)?‘ Тие рекоа: ,Муфлис кај нас, о Божји Пратенику, е оној што нема дирхем ниту имот.‘ Тој рече: ,Вистинскиот муфлис од мојот умет е оној кој на Судниот ден ќе дојде со намаз, пост и зекат, но ќе дојде и со тоа што навредил некого, наклеветил друг, присвоил имот од третиот, ја пролеал крвта на четвртиот или го удрил петтиот. Тогаш, од неговите добри дела ќе им се даде на оние што ги оштетил. Ако неговите добри дела се потрошат пред да ги намири сите долгови, ќе се земат од нивните гревови и ќе му бидат додадени нему, а потоа ќе биде фрлен во Огнот.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Аллах го сака Својот богобојазлив роб, кој е богат и скришум прави добри дела.“
Автентичен Го бележи Муслим