Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

27 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

,,Кој има можност да се ожени, нека го стори тоа, бидејќи тоа најдобро го чува погледот и ја штити чедноста. А кој не може, нека пости, бидејќи постот е заштита за него."
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој ќе пости еден ден на Аллаховиот пат, Аллах ќе го оддалечи неговото лице од Огнот за седумдесет есени (години).“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ми рече: ,Дали постиш секој ден и стануваш за ноќен намаз?‘ Реков: ,Да.‘ Тој рече: ;Ако продолжиш со тоа, очите ќе ти ослабат, а душата ќе се измори. Нема вистински пост оној што пости постојано. Постот од три дена во месецот е како да си постел цела година.“ Реков: „Можам повеќе од тоа.‘ Па рече: ,Тогаш пости го постот на Давуд, алејхи селам – тој еден ден постеше, а еден ден не постеше, и никогаш не се повлекуваше кога ќе се соочеше со непријателот.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се трудел во последните десет ноќи повеќе отколку што се трудел во кое било друго време.
Автентичен Го бележи Муслим
,Кога ќе ја видите (младата месечина) постете, а кога повторно ќе ја видите, престанете со постењето, а ако не можете да ја видите заради облачност, одредете го почетокот со броење на денови.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кога ќе настапи месецот рамазан – се отвораат вратите на Џенетот, се затвораат вратите на Џехенемот, и се оковуваат шејтаните.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Луѓето ќе останат во добро сè додека побрзуваат со ифтарот.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Исламот се темели врз пет (столба): сведоштвото дека нема божество достојно за обожување освен Аллах и дека Мухамед е Божји пратеник, клањањето на намазот, давањето зекат, постот на месецот рамазан и аџилакот.“
Автентичен Го бележат Бухари и Муслим