Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

27 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше најдарежливиот човек во правењето добро, а неговата дарежливост беше најизразена во месецот рамазан, кога Џибрил, алејхи селам, го посетуваше. Џибрил го посетуваше секоја ноќ сè додека месецот не завршеше, а Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му го изложуваше Куранот. Кога Џибрил, алејхи селам, ќе го посетеше, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, стануваше подарежлив и од ветерот што носи благодати.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Не постете еден или два дена пред рамазан, освен ако некој практикувал да пости – тогаш нека пости.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Мојот близок пријател, алејхи селам, ми остави во завет три работи: да постам три дена секој месец, да клањам два реката духа-намаз и да клањам витр-намаз пред спиење.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше на патување и забележа метеж околу еден човек врз кого правеле сенка. Па праша: ,Што е ова?’ Му одговорија: ,Тоа е човек што пости.‘ Тогаш тој рече: ,Не е од добродетелство постот за време на патување.‘“ А во друга верзија кај Муслим стои: „Придржувајте се до олеснувањето што Аллах ви го дозволил.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Кога ќе настапеа последните десет ноќи од рамазанот, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ја оживуваше ноќта (со ибадет), ги будеше домашните, се посветуваше на ибадетот со уште поголема посветеност и го стегаше појасот.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Јадевме сехур заедно со Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, а потоа тој стана за да клања. Прашав: ,Колку време имаше меѓу езанот и сехурот?‘ Тој рече: ,Колку што е потребно да се прочитаат педесет ајети од Куранот.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој ќе ја помине ноќта на Лејлетул Кадр во намаз, верувајќи и очекувајќи награда за тоа, ќе му се простат гревовите кои претходно ги направил."
Автентичен Муттефекун алејхи
„Јадете сехур, зашто навистина во сехурот има бериќет.“
Автентичен Муттефекун алејхи