Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

25 од 841 картички

Исчисти филтри

Пренесувач

Прикажи ги сите пренесувачи (52)
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, еднаш влегол во џамијата. По него влегол еден човек, клањал, а потоа дошол и го поздравил со селам Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Пратеникот му возвратил на селамот и му рекол: „Врати се и клањај – затоа што не клањаше како што треба.“ Човекот се вратил и повторно клањал на ист начин, па повторно дошол и го поздравил со селам. Пратеникот повторно му рекол: „Врати се и клањај – затоа што не клањаше како што треба.“ Тоа му го повторил трипати. Тогаш човекот рекол: „Се колнам во Оној Кој те пратил со вистината – не знам подобро од ова. Научи ме!“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му рече: „Кога ќе станеш за намаз – изговори текбир. Потоа цитирај од Куранот она што ти е олеснето (што не ти предизвикува потешкотија). Потоа оди на руку – сè додека не се смириш на руку. Потоа исправи се – сè додека не застанеш целосно исправено. Потоа падни на сеџда – сè додека не се смириш на сеџда. Потоа стани од сеџда и седни – сè додека не се смириш во таа положба. Потоа направи го тоа во текот на целиот намаз.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Секој кој после секој намаз ќе изговори, субханаллах триесет и три пати, елхамдулиллах триесет и три пати и Аллаху екбер триесет и три пати — што вкупно изнесува деведесет и девет, а за стотиот ќе рече: Ла илахе иллаллаху вахдеху ла шерике лех, лехул мулку ве лехул хамду, ве хуве ала кулли шеј-ин кадир — ќе му бидат простени гревовите, дури и ако се многубројни како морската пена.“
Автентичен Го бележи Муслим
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на двата реката на сабахскиот сунет ги рецитирал сурите „Кул ја ејјухел кафирун“ на првиот рекат и „Кул хуваллаху ехад“ на вториот.
Автентичен Го бележи Муслим
„Не ги спречувајте Божјите робинки од Аллаховите џамии. Но нека излегуваат без да се намирисаат.“
Добар Го бележи Ебу Давуд
„Кој ќе се избања во петок како што се бања после џенабет, а потоа порано тргне во џамија, ќе биде награден како да жртвувал камила. Кој ќе тргне во вториот час, ќе биде награден како да жртвувал крава. Кој ќе тргне во третиот час, како да жртвувал овен со рогови. Кој ќе тргне во четвртиот час, како да жртвувал кокошка. А кој ќе тргне во петтиот час, како да жртвувал јајце. А кога имамот ќе почне со хутбата, мелеците пристапуваат и го слушаат потсетувањето.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кога луѓето би знаеле колкава е вредноста на езанот и првиот ред, а би немале друг начин да ги добијат освен со ждрепка – сигурно би фрлале ждрепка за нив. Кога би знаеле колкава е вредноста на раното доаѓање на намаз – ќе се натпреваруваа кој прв ќе стигне. А кога би знаеле што се крие во наградата за јацискиот и сабахскиот намаз – ќе доаѓаа на нив дури и ползејќи.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Колективниот намаз (во џемат) е повреден од намазот што некој од вас го клања сам – за дваесет и пет степени. А при сабахскиот намаз се собираат мелеците на ноќта и мелеците на денот.“ Потоа Ебу Хурејре рекол: „Цитирајте, ако сакате: ,И намазот в мугри, бидејќи на намазот в мугри многумина присуствуваат.‘“ (Ел Исра, 78)
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој оди во џамија наутро или навечер, Аллах ќе му подготви место во Џенетот секогаш кога ќе порани или отиде (подоцна).“
Автентичен Муттефекун алејхи