Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

5 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, кога излегувал од нужникот, изговарал: ,Гуфранеке‘ (Аллаху, прости ми).“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Мисвакот е средство за чистење на устата и задоволство за Господарот.“
Автентичен Го бележат Несаи и Ахмед
„Уму Хабиба бинт Џахш, сопругата на Абдур-Рахман бин Авф, му се пожалила на Аллаховиот Пратеник за крвта што излегувала од неа, па тој ѝ рекол: ,Почекај да помине периодот на менструацијата и потоа избањај се.‘ Таа, после тоа, се бањаше за секој намаз.“
Автентичен Го бележи Муслим
„,Имам постојано протекување на крв и не можам да се исчистам, дали да го оставам намазот?‘ Тој одговори: ,Не, тоа е крв од капиларите. Немој да го клањаш намазот онолку денови (во месецот) колку што вообичаено ти трае менструацијата, а потоа избањај се и клањај!‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
Аллаховиот Пратеник кога се бањал по сексуален однос, прво ги миел рацете, потоа земал абдест како што се зема за намаз, потоа се капел и ја триел косата со раката, за да се увери дека кожата под неа е натопена. Трипати ја полевал со вода (косата и главата), а потоа го миел остатокот од телото. „Јас и Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, се капевме употребувајќи еден сад од каде ја зафаќавме водата.“
Автентичен Го бележи Бухари