Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

6 од 841 картички

Исчисти филтри
„Ако водата е со количина на два ,куллета‘, таа не може да е нечиста.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи, Ибн Маџе и Ахмед
„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, кога излегувал од нужникот, изговарал: ,Гуфранеке‘ (Аллаху, прости ми).“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нè подучуваше на Куранот во секоја состојба, освен кога беше џунуб.“
Добар Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи, Ибн Маџе и Ахмед
„Бев пратеник на племето Бену ел-Мунтафик – или дел од неговата делегација – кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Кога пристигнавме, не го затекнавме во неговата куќа, туку ја затекнавме мајката на верниците, Аиша. Таа нареди да ни се приготви хазира (вид јадење), па ни ја подготвија. Потоа ни донесоа голема чинија со урми. Подоцна дојде Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и рече: „Дали добивте нешто за јадење, или ви беше донесено нешто?“ Рековме: „Да, о Божји пратенику.“ Додека седевме со него, дојде овчарот, ги внесе овците во местото за одмор, а со него имаше јагне што блееше. Пратеникот го праша: „Што се роди, о тој и тој?“ Тој одговори: „Јагне.“ Тогаш рече: „Заколи за нас овца наместо него.“ Потоа додаде: „Не мисли дека ја колеме оваа овца заради тебе. Имаме сто овци и не сакаме нивниот број да се зголеми. Кога овчарот ќе добие јагне, колеме овца наместо него.“ Реков: „О Божји пратенику, имам жена, но во нејзиниот јазик има нешто“ – мислејќи на грубост во зборувањето. Тој рече: „Тогаш разведи ја.“ Реков: „О Божји пратенику, имаме долг заеднички живот, и имам дете од неа.“ Тој рече: „Тогаш поучи ја (посоветувај ја). Ако има добро во неа, ќе прифати. И немој да ја удираш својата сопруга како што ја удираш својата слугинка.“ Потоа реков: „О Божји пратенику, кажи ми за абдестот.“ Тој рече: „Изврши го абдестот темелно, протиј меѓу прстите (со вода), и длабоко вшмукувај вода во носот – освен ако постиш.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи и Ибн Маџе
„Дојдов кај Сафван бин Асал ел-Муради за да го прашам за месхот врз кожните чорапи (местви). Тој ме праша: ,Што те доведе, о Зир?’ Јас реков: ,Барањето на знаење.’ Тој рече: ,Навистина, мелеците ги спуштаат своите крилја за оној што трага по знаење – задоволни со она што го бара.’ Јас реков: ,Ми се појави двоумење околу месхот врз кожните чорапи по извршување мала или голема нужда, а ти си човек од асхабите на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, па дојдов да те прашам дали си го слушнал да спомне нешто во врска со тоа?’ Тој рече: ,Да. Ни наредуваше, кога сме на патување – или кога сме патници – да не ги соблекуваме нашите кожени чорапи три дена и три ноќи, освен во случај на џенабет; но не и поради голема нужда, мокрење или сон.’ Јас реков: ,Дали си го слушнал да спомнува нешто за страста?‘ Тој рече: ,Да. Бевме со Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, на патување, кога одеднаш еден бедуин го повика со гласен повик: ,О, Мухамеде!‘ – па му одговори Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, со глас сличен на неговиот: ,Еве сум.‘ Ние му рековме: ,Тешко тебе, снижи го својот глас, затоа што си пред Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, а тоа е забрането.‘ Но тој рече: ,Се колнам во Аллах, нема да го снижам.‘ Бедуинот праша: ,Човек сака еден народ, а уште не се придружил кон нив?‘ Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Човекот ќе биде со оној кого го сака на Денот на оживувањето.‘ Потоа продолжи да ни раскажува, сè додека не спомна за една врата на западната страна, чија широчина е колку патување, или патник би патувал низ нејзината широчина четириесет или седумдесет години.“
Автентичен Го бележат Тирмизи, Ибн Маџе и Ахмед
Еден човек го прашал Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, со зборовите: „О Аллахов пратенику, ние пловиме со бродови и со нас носиме малку вода, ако со неа земеме абдест, ќе ожедниме. Дали може да земеме абдест со водата од морето?“ Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Морската вода е чиста, а угинатите животните од морето се дозволени.“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи, Ибн Маџе и Ахмед