Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

6 од 841 картички

Исчисти филтри
,Кога некој од вас ќе почувствува нешто во својот стомак, па се посомнева дали излегло нешто од него или не, тогаш нека не излегува од џамијата (од намазот), сè додека не чуе звук или не почувствува миризба.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
„Аллах сака да се прифатат Неговите олеснувања, исто како што сака да се прифатат и Неговите строги наредби.“
Автентичен Го бележи Ибн Хибан
„Еден човек дојде кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и го праша: ,О, Божји пратенику, што да направам ако некој се обиде да ми го земе имотот?‘ Тој одговори: ,Не му го давај.‘ Човекот праша: ,А ако се обиде да ме нападне?‘ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Спротивстави му се.‘ Човекот праша: ,А ако ме убие?‘ Тој рече: ,Тогаш ти си шехид.‘ Човекот повторно праша: ,А ако јас го убијам него?‘ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Тој е во Пеколот.‘“
Автентичен Го бележи Муслим
Остави го она во што се сомневаш за она во што не се сомневаш, бидејќи искреноста е спокој, а лажењето е сомнеж.‘“
Автентичен Го бележат Тирмизи, Несаи и Ахмед
„Остави го она во што се сомневаш за она во што не се сомневаш.“
Автентичен Го бележат Тирмизи и Несаи
„Не се прави штета, ниту се возвраќа со правење штета, а кој ќе направи некаква штета, Аллах ќе му наштети, а кој на другите им отежнува, Аллах нему ќе му отежне."
Автентичен со верзиите кои го поткрепуваат Го бележи Дарекутни