Skip to content

„Нахранете го гладниот, посетете го болниот и ослободете го заробениот.“

Ебу Муса ел-Ешари, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Нахранете го гладниот, посетете го болниот и ослободете го заробениот.“

„Нахранете го гладниот, посетете го болниот и ослободете го заробениот.“

«أَطْعِمُوا الجَائِعَ، وَعُودُوا المَرِيضَ، وَفُكُّوا العَانِيَ».

Го бележи Бухари
Автентичен
Објаснување

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека од правото на муслиманот кај неговиот брат муслиман е да го нахрани гладниот, да го посети болниот и да го ослободи заробениот.

Од придобивките на хадисот

Поттик за заемно помагање меѓу муслиманите.

Поттик за хранење на гладниот кој има потреба од храна – и тоа е наредено.

Пропишаност на посетата на болниот: за да му се даде поддршка, да се направи дова за него и да се добие награда.

Поттик за ослободување на заробеникот кога е заробен од неверниците – било со откуп, било со размена за заробеник од нив.

Референци

Сахих Ел-Бухари (7/ 67) (5373).

Повеќе... (4)

شرح رياض الصالحين.

لابن عثيمين (4/ 468).

نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.

لمجموعة من الباحثين (1/ 685).