„Искушенијата нема да престанат да го снаоѓаат верникот и верничката – во нив самите, во нивните деца и во нивниот имот – сè додека не го сретнат Аллах, без ниту еден грев.“
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Искушенијата нема да престанат да го снаоѓаат верникот и верничката – во нив самите, во нивните деца и во нивниот имот – сè додека не го сретнат Аллах, без ниту еден грев.“
«مَا يَزَالُ البَلاَءُ بِالمُؤْمِنِ وَالمُؤْمِنَةِ فِي نَفْسِهِ وَوَلَدِهِ وَمَالِهِ حَتَّى يَلْقَى اللَّهَ وَمَا عَلَيْهِ خَطِيئَةٌ».
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека искушенијата и неволјите постојано ќе го снаоѓаат верникот и верничката – во нив самите, преку здравствени проблеми и телесни потешкотии; во нивните деца, преку болест, смрт, непослушност или други искушенија; како и во нивниот имот, преку сиромаштија, пропаст на трговијата, кражба, финансиски загуби и ограничен ризк. Сето тоа е причина преку која Аллах ги брише нивните гревови и престапи, така што, кога ќе Го сретнат, ќе бидат очистени од нив.
Од Аллаховата милост кон Неговите робови е тоа што им ги брише гревовите уште на овој свет преку неволјите и искушенијата кои ги снаоѓаат.
Самите скушенија се доволни за бришење на гревовите, но под услов човекот да биде верник. Ако остане трпелив и не негодува, ќе биде награден за тоа.
Трпението е потребно во сите животни околности, како во благосостојбата така и при потешкотиите. Човекот треба да биде истраен сè додека не го исполни она што Аллах му го наредил и сè додека не се воздржи од она што Аллах го забранил, надевајќи се на Неговата награда и плашејќи се од Неговата казна.
Зборовите „верникот и верничката“ јасно укажуваат дека ова ветување важи подеднакво и за жените. Дури и ако беше спомнат само верникот, и жените ќе беа опфатени, но со ова посебно се истакнува дека и кога жената ќе биде погодена од искушение, таа ќе ја има истата награда – бришење на гревовите и престапите.
Она што му ја олеснува болката на човекот од постојаните искушенија е свеста за големата награда што произлегува од нив.
Сунен Тирмизи (4/ 204) (2399).
Муснед на Ахмед ибн Ханбел (13/ 248) (7859).
Повеќе... (8)
بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.
لسليم الهلالي (1/ 113).
تطريز رياض الصالحين.
لفيصل آل مبارك (ص51).
شرح رياض الصالحين.
لابن عثيمين (1/ 273).
نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.
لمجموعة من الباحثين (1/ 80).
Цитирано во книги
5 КнигиПовеќе... (5)
- فتاوى المرضىفتاوى المرضى «ما يزال البلاء بالمؤمن والمؤمنة في نفسه وولده وماله حتى يلقى الله وما عليه خطيئة»
- فتاوى المرضىفتاوى المرضى «ما يزال البلاء بالمؤمن والمؤمنة في نفسه وولده وماله حتى يلقى الله وما عليه خطيئة»
- فتاوى المرضىفتاوى المرضى «ما يزال البلاء بالمؤمن والمؤمنة في نفسه وولده وماله حتى يلقى الله وما عليه خطيئة»
- موسوعة الإيمان«مَا يَزَالُ البَلَاءُ بِالمؤْمِنِ وَالمؤْمِنَةِ فِي نَفْسِهِ وَوَلَدِهِ وَمَالِهِ حَتَّى يَلْقَى اللَّهَ وَمَا عَلَيْهِ خَطِيئَةٌ».
- نصوص مختارة للرمضانمَا يَزَالُ البَلاَءُ بِالمُؤْمِنِ وَالمُؤْمِنَةِ فِي نَفْسِهِ وَوَلَدِهِ وَمَالِهِ حَتَّى يَلْقَى اللَّهَ وَمَا عَلَيْهِ خَطِيئَةٌ