„Довата на муслиманот за неговиот брат, во негово отсуство, е прифатена
Од Уму Дерда и Ебу Дерда, Аллах нека е задоволен со нив, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, велел:
„Довата на муслиманот за неговиот брат, во негово отсуство, е прифатена. Кај неговата глава стои мелек задолжен за тоа; секогаш кога тој ќе замоли добро за својот брат, задолжениот мелек вели: ,Амин, и за тебе исто така.’“
«دَعْوَةُ الْمَرْءِ الْمُسْلِمِ لِأَخِيهِ بِظَهْرِ الْغَيْبِ مُسْتَجَابَةٌ، عِنْدَ رَأْسِهِ مَلَكٌ مُوَكَّلٌ كُلَّمَا دَعَا لِأَخِيهِ بِخَيْرٍ، قَالَ الْمَلَكُ الْمُوَكَّلُ بِهِ: آمِينَ وَلَكَ بِمِثْلٍ».
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, известил дека довата на муслиманот за неговиот брат, во негово отсуство, е примена, затоа што тоа е најјасен израз на искреност. Кај главата на оној што прави дова стои задолжен мелек, кој секојпат кога тој ќе замоли добро за својот брат, вели: „Амин, и за тебе нека е истото што го замоли за твојот брат.“
Поттик за верниците да прават добро еден на друг – дури и преку дова.
Довата во отсуство на братот верник е јасен показател за искреноста на иманот и вистинското братство.
Посебната вредност на довата во отсуство е во тоа што таа е најсилен израз на искреност и присуство на срцето.
Една од причините за примање на довата е кога муслиманот прави дова за својот брат во негово отсуство.
Ен-Невеви рекол: „Вредноста на довата за братот муслиман во негово отсуство. Дури и ако човекот дови за група муслимани, ја добива истата награда. А ако дови за сите муслимани – очигледно е дека и тогаш ја добива. Некои од првите генерации, кога сакаа да направат дова за себе, најпрво правеа дова за својот брат муслиман – бидејќи таа дова се прима, а нему му се запишува истото.“
Хадисот укажува и на дел од задачите на мелеците, меѓу кои има и такви што Аллах ги задолжил со оваа должност.
Сахих Муслим (4/ 2094) (2733).
Повеќе... (8)
بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.
لسليم الهلالي (2/ 585).
نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.
لمجموعة من الباحثين (2/ 1018).
شرح رياض الصالحين.
لابن عثيمين (6/ 48).
كنوز رياض الصالحين.
لمجموعة من الباحثين (17/ 510).
Цитирано во книги
3 КнигиПовеќе... (3)
- التوحيد في ضوء عقيدة الإمام الشافعي رحمه الله ونصوصه ومروياته"دعوة المرء المسلم لأخيه بظهر الغيب مستجابة، عند رأسه ملك موكل، كلما دعا لأخيه بخير، قال الملك الموكل به: آمين ولك بمثل".([101])
- الذكر والدعاء والعلاج بالرقي من الكتاب والسنة"دعوة المرء المسلم لأخيه بظهر الغيب مستجابة. عند رأسه ملكٌ موكلٌ، كما دعا لأخيه بخيرٍ، قال الملك الموكل به: آمين ولك بمثل".
- رياض الصالحينرياض الصالحين مع فوائد وهدايات - 7«دعْوَةُ المرءِ المُسلمِ لأخيهِ بظهرِ الغَيْب مُسْتجابَةٌ، عندَ رأسِهِ ملكٌ مُوَكَّلٌ كلَّما دعا لأخيه بخير قَالَ الملك المُوَكَّلُ به: آمينَ، ولكَ بِمثْلٍ».