Skip to content

„Дуњалукот е затвор за верникот, а Џенет за неверникот.“

Ебу Хурejре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Дуњалукот е затвор за верникот, а Џенет за неверникот.“

«الدُّنْيَا سِجْنُ الْمُؤْمِنِ وَجَنَّةُ الْكَافِرِ».

Го бележи Муслим
Автентичен
Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека животот на овој свет за верникот е како затвор, бидејќи е должен да ги исполнува шеријатските обврски – да ги извршува наредбите и да се воздржува од забраните. Со смртта, тој се ослободува од тие ограничувања и преминува кон вечнато насладуваше што Аллах му ја подготвил. Додека за неверникот, овој свет е како Џенет – живее без ограничувања, според своите желби и страсти. Но, кога ќе настапи смртта, преминува кон трајната казна што Аллах му ја подготвил на Судниот ден.

Од придобивките на хадисот

Ен-Невеви рекол: „Секој верник на овој свет е како во затвор – оддалечен од забранетите и непожелните страсти, задолжен со извршување на напорни ибадети. Кога ќе умре, се ослободува од сето тоа и преминува кон вечното уживање што Аллах му ја подготвил, кон совршен одмор без никакви маки. Додека неверникот ужива само во малку од тоа што го добива на дуњалукот, а и тоа е испреплетено со непријатности. Кога ќе умре, преминува кон вечната казна и трајната несреќа.“

Ес-Синди рекол: „Зборовите ,затвор за верникот‘ значат дека, иако тој има благодати на овој свет, Џенетот е многу подобар од него. А ,Џенет за неверникот‘ значи дека, иако можеби неговиот живот е тежок, Огнот е многу пострашен од тоа.“

Дуњалукот е безвреден кај Аллах.

Овој свет е место на искушенија и испит за верниците.

Неверникот го добил својот „Џенет“ на овој свет, а на Ахиретот ќе биде лишен од вистинскиот Џенет и неговите вечни наслади.

Референци

Сахих Муслим (4/ 2272) (2956).

Повеќе... (10)

بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.

لسليم الهلالي (1/ 535).

نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.

لمجموعة من الباحثين (1/ 419).

شرح رياض الصالحين.

لابن عثيمين (3/ 367).

موسوعة فقه القلوب.

لمحمد التويجري (4/ 3471).

كتاب العلم.

لابن عثيمين (ص37).