Skip to content

„Гледајте кон оние што се под вас, а не кон оние што се над вас – тоа ќе ве заштити од потценување на благодатите што Аллах ви ги дал.“

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Гледајте кон оние што се под вас, а не кон оние што се над вас – тоа ќе ве заштити од потценување на благодатите што Аллах ви ги дал.“

«انْظُرُوا إِلَى مَنْ أَسْفَلَ مِنْكُمْ، وَلَا تَنْظُرُوا إِلَى مَنْ هُوَ فَوْقَكُمْ، فَهُوَ أَجْدَرُ أَلَّا تَزْدَرُوا نِعْمَةَ اللهِ عَلَيْكُمْ».

Муттефекун алејхи
Автентичен
Објаснување

Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, наредил муслиманот – кога станува збор за овосветските работи, како што се положбата, богатството, угледот и слично – да гледа кон оние што се во полоша состојба од него, а не кон оние што се во подобра положба. Гледањето кон послабите е причина човек да не ги потцени и обезвредни благодатите што Аллах му ги дал.

Од придобивките на хадисот

Задоволството со она што човек го има е едно од највредните својства на верникот и е показател дека е задоволен со Аллаховата одредба.

Ибн Џерир рекол: „Овој хадис е сеопфатен и опфаќа различни аспекти на добрината. Кога човек ќе погледне некој што го надминал во овосветски работи, неговата душа ќе посака да го има истото, ќе ги потцени благодатите што Аллах му ги подарил и ќе се стреми – по секоја цена – да се изедначи или приближи со другиот. Тоа е честа состојба кај луѓето. Но, кога ќе погледне кон оној што има помалку, ќе ја препознае големината на Аллаховата благодат врз него, ќе Му се заблагодари, ќе стане поскромен и ќе биде поттикнат кон правењето добро.“

Референци

Сахих Ел-Бухари (8/ 102) (6490).

Сахих Муслим (4/ 2275) (2963).

Повеќе... (10)

كنوز رياض الصالحين.

لمجموعة من الباحثين (7/ 261).

بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.

لسليم الهلالي (1/ 534).

تطريز رياض الصالحين.

لفيصل آل مبارك (ص316).

توضيح الأحكام من بلوغ المرام.

لعبد الله البسام (7/ 287).

منحة العلام شرح بلوغ المرام.

لعبد الله الفوزان (10/ 17).