Skip to content

„Кој ќе изучува знаење со кое треба да се бара само Аллаховото лице, а го изучува единствено за да стекне нешто од дуњалучките придобивки – на Судниот ден нема да го почувствува мирисот на Џенетот.“

Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Кој ќе изучува знаење со кое треба да се бара само Аллаховото лице, а го изучува единствено за да стекне нешто од дуњалучките придобивки – на Судниот ден нема да го почувствува мирисот на Џенетот.“

«مَنْ تَعَلَّمَ عِلْمًا مِمَّا يُبْتَغَى بِهِ وَجْهُ اللَّهِ عَزَّ وَجَلَّ لَا يَتَعَلَّمُهُ إِلَّا لِيُصِيبَ بِهِ عَرَضًا مِنَ الدُّنْيَا لَمْ يَجِدْ عَرْفَ الْجَنَّةِ يَوْمَ الْقِيَامَةِ» يَعْنِي رِيحَهَا.

Го бележат Ебу Давуд, Ибн Маџе и Ахмед
Автентичен
Објаснување

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека оној кој ќе изучува шеријатско знаење, чија основна цел е да се бара Аллаховото задоволство, но го изучува единствено за да постигне и стекне нешто од дуњалучките придобивки – било тоа богатство или углед – на Судниот ден нема ни да го почувствува мирисот на Џенетот.

Од придобивките на хадисот

Обврската за искреност во барањето знаење и поттик на тоа.

Сериозно предупредување против користењето на шеријатското знаење за истакнување меѓу другите или како средство за стекнување дуњалучка корист, бидејќи тоа спаѓа меѓу големите гревови.

Оној кој учи и студира, исклучиво заради Аллах, а потоа му дојдат и дуњалучки придобивки како последица на тоа, дозволено е да ги прифати и тоа нема да му наштети.

Ес-Синди рекол: „Зборовите ,мирисот на Џенетот‘ се однесуваат на неговата арома, што укажува на истакнатата забрана за влез во Џенет (за таа категорија луѓе), бидејќи оној кој не може ни да помириса нешто, нема да може ни да го добие.

Оној кој ќе учи знаење чија цел е да се бара само Аллаховото лице, но тоа го прави заради работна позиција или поради други лични интереси, должен е да се покае пред Аллах. Тој, со Својата огромна добрина и милост, ќе ја избрише штетата од таквата расипана намера.

Ова предупредување се однесува на оној кој бара шеријатско знаење, додека оној кој бара дуњалучко знаење – како инженерство, хемија и слично – заради материјална корист, ќе ја добие наградата или последицата според својата намера.

Референци

Сунен Ебу Давуд (5/ 504) (3664).

Сунен Ибн Маџе (1/ 169) (252).

Муснед на Ахмед ибн Ханбел (14/ 169) (8457).

Повеќе... (12)

شرح رياض الصالحين.

لابن عثيمين (2/ 477).

كنوز رياض الصالحين.

لمجموعة من الباحثين (16/ 507).

نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.

لمجموعة من الباحثين (2/ 957).

بهجة الناظرين.

لسليم الهلالي (2/ 447).

عون المعبود شرح سنن أبي داود.

العظيم آبادي (10/ 70).

حاشية السندي على سنن ابن ماجه.

لمحمد التتوي (1/ 110).