,Навистина, Аллах ќе ги измачува оние што ги измачуваат луѓето на овој свет.‘“
Од Хишам бин Хаким бин Хизам, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, се пренесува дека поминал покрај неколку жители на Набатеја во Шам, кои биле оставени да стојат изложени на Сонце. Прашал: „Што им е?“ Му рекле: „Задржани се поради џизја.“ Тогаш Хишам рекол: „Сведочам дека го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
,Навистина, Аллах ќе ги измачува оние што ги измачуваат луѓето на овој свет.‘“
«إِنَّ اللهَ يُعَذِّبُ الَّذِينَ يُعَذِّبُونَ النَّاسَ فِي الدُّنْيَا».
Хишам бин Хаким бин Хизам, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, поминал покрај неколку странци земјоделци во Шам, кои биле оставени да стојат под силното Сонце. Прашал што е со нив? Му одговориле дека тоа им било направено затоа што не платиле џизја, иако биле во можност да платат. Тогаш Хишам, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Сведочам дека го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: ,Навистина, Аллах ќе ги казни оние што неправедно ги казнуваат луѓето на овој свет.’“
Џизја е паричен надомест (данок) што им се пропишува на полнолетните и имотни мажи од следбениците на Книгата, како надомест за нивната заштита и дозвола да престојуваат во земјата на исламот.
Забрането е мачењето на луѓето – дури и на неверниците – без шеријатски основ.
Предупредување до неправедниците за последиците од неправдата.
Придржувањето на асхабите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кон наредување на доброто и спречување на злото.
Имамот ен-Невеви рекол: „Ова се однесува на бесправното казнување; а во тоа не спаѓа казнувањето со право – како што се одмаздата (кисас), спроведувањето на шеријатските казни (хадови), дисциплинските казни (тазир) и слично.“
Сахих Муслим (4/ 2018) (2613).
Повеќе... (10)
نزهة المتقين.
لمجموعة من الباحثين (2/ 1103).
كنوز رياض الصالحين.
لمجموعة من الباحثين (19/ 108).
بهجة الناظرين.
لسليم الهلالي (3/ 117).
مرقاة المفاتيح شرح مشكاة المصابيح.
لعلي القاري (6/ 2301).
شرح رياض الصالحين.
لابن عثيمين (6/ 295).