Skip to content

„Знајте дека дуњалукот е проколнат – и проколнато е сè што се наоѓа во него, освен спомнувањето на Аллах, она што Тој го сака, и учениот или ученикот.“

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, рекол: Го слушнав Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:

„Знајте дека дуњалукот е проколнат – и проколнато е сè што се наоѓа во него, освен спомнувањето на Аллах, она што Тој го сака, и учениот или ученикот.“

«أَلاَ إِنَّ الدُّنْيَا مَلْعُونَةٌ، مَلْعُونٌ مَا فِيهَا، إِلاَّ ذِكْرُ اللهِ وَمَا وَالاَهُ وَعَالِمٌ أَوْ مُتَعَلِّمٌ».

Го бележат Тирмизи и Ибн Маџе
Добар
Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека овој свет како и сè што на него – е омразено кај Аллах, затоа што обично го одвлекува човекот од спомнување на Аллах и од покорност кон Него. Тоа е нешто без вистинска вредност во очите на Аллах, освен ако не е насочено кон Неговото задоволство. Исклучок од ова се: – спомнувањето на Аллах (зикр), – сè што води кон Неговата близина и послушност Нему, – учените што пренесуваат шеријатско знаење, – и оние што тоа знаење го бараат и го учат.

Од придобивките на хадисот

Дуњалукот не треба да се проколнува во апсолутна смисла, бидејќи постојат хадиси што го забрануваат тоа. Но, дозволено е да се осуди она што од него го оддалечува човекот од Аллах и го попречува во покорноста.

Сè што е од овоземните уживања е безвредна игра и забава – освен она што е насочено кон спомнувањето на Аллах и што води кон Неговата блискост.

Хадисот ја истакнува вредноста на знаењето, и вредноста на оние што го поседуваат и го учат.

Ибн Тејмије вели: „Од дуњалукот е осудено она што е харам и се користи надвор од дозволената цел, или она што е халал но се користи за натпреварување, горделивост, покажување и фалење. Тоа е она што е омразено кај разумните луѓе.“

Референци

Сунен Тирмизи (4/ 151) (2322).

Сунен Ибн Маџе (5/ 231) (4112).

Повеќе... (8)

بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.

لسليم الهلالي (1/ 542).

نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.

لمجموعة من الباحثين (1/ 424).

كنوز رياض الصالحين.

لمجموعة من الباحثين (7/ 325).

شرح رياض الصالحين.

لابن عثيمين (3/ 374).