,,Нема да настапи Часот сè додека луѓето не почнат да се натпреваруваат во украсувањето на џамиите.“
Енес, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
,,Нема да настапи Часот сè додека луѓето не почнат да се натпреваруваат во украсувањето на џамиите.“
«لَا تَقُومُ السَّاعَةُ حَتَّى يَتَبَاهَى النَّاسُ فِي الْمَسَاجِدِ».
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, укажува дека еден од знаците за блискоста на Судниот ден и крајот на светот е тоа што луѓето ќе се гордеат и ќе се натпреваруваат во украсувањето на џамиите, или ќе се истакнуваат со некакви дуњалучки работи во нив – иако џамиите се изградени единствено за спомнување на Аллах.
Забрането е натпреварување во украсувањето на џамиите, и дека тоа е дело што не е прифатено кај Аллах, бидејќи не е направено искрено за Него.
Забрането е украсување на џамиите со бои, орнаменти, цртежи и натписи, бидејќи тоа го одвлекува вниманието на клањачите.
Имамот ес-Синди рекол: „Овој хадис е од оние чие исполнување денес е очигледно, и тоа е едно од јасните муџизи (чуда) на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем.“
Сунен Ебу Давуд (1/ 337) (449).
Сунен Несаи (2/ 32) (689).
Сунен Ибн Маџе (1/ 475) (739).
Повеќе... (4)
توضيح الأحكام مِن بلوغ المرام.
لعبد الله البسام (2/ 137).
فتح ذي الجلال والإكرام شرح بلوغ المرام.
لابن عثيمين (1/ 621).