„Кому му е ускратена благоста, нему му е ускратено секое добро.“
Од Џерир, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кому му е ускратена благоста, нему му е ускратено секое добро.“
«مَنْ يُحْرَمِ الرِّفْقَ يُحْرَمِ الْخَيْرَ».
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека оној кому му е ускратена благоста нема да има успех ниту во верските, ниту во овосветските работи, ниту во своите лични постапки, ниту во односите со другите. Таквиот е лишен од секое добро.
Вредноста на благоста, поттик за нејзиното практикување и укор за грубото однесување.
Благоста е причина за успех на овој и на идниот свет, додека грубоста води кон спротивното на тоа.
Благоста произлегува како резултат на убавиот карактер, додека грубоста произлегува од гневот и суровоста. Затоа, Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ја пофалил благоста и ја нагласил нејзината важност.
Суфјан ес-Севри, Аллах нека му се смилува, им рекол на своите ученици: „Знаете ли што е благоста? Тоа е да ги поставиш работите на нивното место – строгоста на нејзиното место, благоста на нејзиното место, мечот на неговото место и камшикот на неговото место.“
Сахих Муслим (4/ 2003) (2592).
Повеќе... (12)
نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.
لمجموعة من الباحثين (1/ 532).
تطريز رياض الصالحين.
لفيصل آل مبارك (ص416).
شرح رياض الصالحين.
لابن عثيمين (3/ 592).
كنوز رياض الصالحين.
لمجموعة من الباحثين (9/ 152).
بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.
لسليم الهلالي (1/ 687).
فيض القدير شرح الجامع الصغير.
للمناوي (6/ 241).